„Еден милион садници за пет години“ – акција на Халкбанк АД Скопје и ЈП Национални шуми

Халкбанк АД Скопје преку ЈП Национални шуми ќе спонзорира засадување еден милион садници во следните пет години низ територијата на целата држава. Новата еко-акција на Халкбанк АД Скопје е насловена „Еден милион садници за пет години“ и е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата […]

Традицијата за поддршка на инклузивноста продолжува: Стопанска банка сонува и го менува општеството на подобро

Долгогодишните заложби на Стопанска банка АД-Скопје за промоција на инклузијата на лицата со пречки во развојот во сите општествени сфери преку конкретни проекти со кои се подобруваат условите за учење, социјализација и развој, продолжуваат и оваа година со исто темпо. Поддршката на инклузивните проекти е значаен дел од корпоративната култура на Стопанска банка преку долгогодишната […]

Витаминка со новогодишна донација за децата во болницата Козле

Витаминка донесе предновогодишна радост, надеж и среќа со донација на пакетчиња за сите деца кои престојуваат и се лекуваат во Детската болница Козле. Новогодишните пакетчиња беа доставени во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, со што дополнително ја збогатија празничната атмосфера. Од компанијата велат дека новогодишните празници се најголема радост за децата и секое […]

Романски хакери со „фишинг“ украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе

Во заедничка операција на романската и германската полиција и Агенцијата на ЕУ за соработка во кривичната правда растури организирана група романски хакери кои украле над 100 милиони евра од сметките на повеќе од 700 луѓе во Европа. Во романските окрузи Олт и Валчеа и во главниот град Букурешт извршени се претреси на 13 адреси како […]

ЗАРАДИ ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ЖЕНИТЕ ГЕРМАНСКИТЕ ГРАДОВИ ДАВААТ ВАУЧЕРИ ЗА НОЌНО ТАКСИ

Германскиот град Келн им доделува на жените ваучери за користење на такси во вечерните часови за да се вратат безбедно во своите домови. Ова е пилот проект кој се применува и во други делови на Германија, пренесува „Еуроњуз“. Проектот за женско ноќно такси обезбедува вкупно 1.500 ваучери во вредност од 10 евра за жените и […]

Почувствуван земјотрес во Скопје и во околината

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во 11:41 часот на 36 километри северозападно од Скопје. Епицентарот на земјотресот е на територијата на Косово. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван од населението во Скопје и околината.

Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“

Европската Унија и Албанија денеска во Брисел ја одржаа третата Меѓувладина пристапна конференција на која официјално беа отворени преговорите по Кластерот 6 – „Надворешни односи“. Во рамките на овој Кластер се поглавјата 30 – „Надворешни односи“ и 31 – „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика“. Ова е втор кластер од преговарачкиот процес што го отвора Албанија […]

Грција со национална стратегија за заштита на децата од дигитална зависност

Националната стратегија за заштита на малолетниците од дигиталната зависност беше главната тема на состанокот што денеска го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, а биле разгледани прашањата поврзани со имплементацијата и била нагласена важноста на учеството на родителите, но и едукацијата на децата во напорите за справување со негативните последици од прекумерната изложеност […]

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Дебар

Попладнево во 18:01 часот во Албанија регистриран е земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот е на 12 километри од гратчето Бурел, во источниот дел на земјата на околу 40 километри од Тирана и е почувствуван во повеќе делови во земјата. Потресот, поради близината е почувствуван и во Дебар и околината, објави […]

Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми од познати трговски марки

– Специјализирана компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства е запленета по извршена контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин Блаце. – Спречен обид за криумчарење на 8,26 килограми (19 кутии од по 60 кесички) Unicity Balance суплементи во вредност од 228 илјади денари, што Службата за мобилни скенери ги пронајде […]