Без струја дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сарај, Бутел и Ѓорче Петров. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубин, општина Сарај. Во периодот од 10.00 до 12.30 часот, струја ќе немаат корисниците од цела населба […]

Во тек огласот за прием на 600 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани и сообраќајни полициски службеници, гранична полиција и специјални полициски единици и ги повикува сите заинтересирани да се пријават. – Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина.Ако тоа се твоите човечки квалитети тогаш полицијата […]

Изграден новиот ски центар во Кавадаречко, пуштањето на први јануари

Изграден е новиот ски центар во кавадаречко Михајлово, пуштањето е на први јануари, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Оттаму нагласија дека земјава добива нов скијачки центар во срцето на Кожуф планина. – Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ги пречека посетителите, соопштија од Кабинетот на Јанчев. Оттаму информираа […]

Пари, пари, пари…

Пред неколку децении, кога започна полетот на информатичката и на телекомуникациската технологија, се предвидуваше дека за брзо време ќе исчезнат традиционалното банкарство и готовите пари. И навистина, ако луѓето имаат на располагање други начини за плаќање (интернет, мобилни телефони, картички), тогаш е разбирливо очекувањето дека старите начини (готовите пари) се веќе непотребни. Меѓутоа, времето покажа […]

ГЛАВНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО 2025 ГОДИНА

Германија се соочува со бројни предизвици во 2025 година, кои произлегуваат од стагнацијата на економскиот раст, фискалната несигурност, геополитичките ризици, високитете трошоци на енергијата и слабеење на автомобилскиот сектор. Германија следната година ќе има најслаб раст меѓу развиените земји. „Еуроњуз“ направи преглед на пет главни предизвици за германската економија во следната година: Економска стагнација и […]

Намален бројот на регистрирани земјоделци од 90 000 пред десет години на околу 65 000

Бројот на регистрирани земјоделци во земјава денес е околу 65 000, за разлика од пред десетина години кога изнесуваше 90 000, лозарството е во сериозен пад, а сточарството брои 140 000 грла крупен добиток иако пред речиси една деценија имаше 260 000, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски денеска, на прес-конференција, […]

ЦРНА ГОРА ИЗДАВА 29 000 РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ

Владата на Црна Гора ја донесе Предлог одлуката за утврдување на годишниот број на дозволи за привремен престој и работа на странци за наредната година во износ од 28 990 дозволи. Од годишната квота се издвојуваат 5.000 дозволи кои надлежниот државен орган може дополнително да ги распореди за поединечни намени, во согласност со потребата на […]

(ВИДЕО) „Макпетрол“ и во 2025 за родителите ќе овозможи работилници против врсничко насилство

Подобро запознавање со проблемот, но и размена на искуствата поврзани со булингот, ќе бидат овозможени на работилниците наменети за родители што и следната година ќе ги организира „Макпетрол“. Изминативе месеци компанијата реализира седум вакви едукативни средби на кои учествуваа над 1,500 родители. Настаните опфатија 10 од вкупно 26 општини што досега се приклучија и ја […]

Започнува пријавувањето за 21-то издание на Wizz Air Скопски Маратон

Денеска официјално започна пријавувањето за 21-то издание на Wizz Air Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година. Пријавувањето може да се изврши преку официјалната веб-страница на маратонот, на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk. Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонијаследната година повторно ќе ги обедини спортските ентузијасти, професионалци и рекреативци, со можност да […]

Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

Вулканот Килауеа на Големиот остров на Хаваи синоќа, втор ден по ред, еруптираше. Тоа е трета ерупција оваа година. Вулканот исфрли големо количество лава. Ерупцијата се случи во подрачје што е затворено за јавност од 2007 година поради нестабилност на ѕидовите на кратерот и одрон на камења. Во Националниот парк „Хаваи вулкани“ лоцирани се врвовите […]