Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, наменета за граѓаните на Гази Баба и општините Бутел и Чаир
Од денеска започнува со работа новата подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, лоцирана во скопската населба Гази Баба, која првенствено е наменета за граѓаните на Гази Баба, но и за околните општини Чаир и Бутел. Подрачната канцеларија, како што соопшти Агенцијата за катастар на недвижности, се отвора по цели 12 години и во […]
Атрактивен дочек на Дедо Мраз во Ресен
Општина Ресен приреди атрактивен дочек на Дедо Мраз кој во градот пристигна на градскиот стадион каде традиционално се одржува новогодишен базар. Годинава одлучивме за нашите најмлади да приредиме невообичаен новогодишен настан, изјави за МИА, градоначалникот Јован Тозиевски. – Дедо Мраз во Ресен пристигна со голем син балон кој слета на стадионот каде се одржуваше новогодишниот […]
ЕГИПЕТ ИЗГУБИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПРИХОДИ ОД СУЕЦКИОТ КАНАЛ
Египет изгуби повеќе од 60 отсто од приходите од каналот во 2024 година во споредба со 2023 година, поради безбедносните ризици во Црвеното Море. Од воените судири во регионот Египет изгуби околу седум милијарди долари приход од поморскиот канал, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси. Воените групи на Хутите извршија стотина напади на бродовите од […]
НАД 250 МИЛИОНИ Е-ФАКТУРИ ИСПРАТИЛЕ СРПСКИТЕ КОМПАНИИ
Повеќе од 250 милиони е-фактури поминале низ системот за електронска фактура од почетокот на промената во Србија, објави Синиша Мали, српскиот министер за финансии. Во системот се вклучени 10.830 корисници на јавни средства и 240.918 стопански субјекти. Воведувањето на е-фактура и новиот систем на е-фискализацијата се важни структурни реформи со кои се олеснува работењето на […]
ВО СЛОВЕНИЈА СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ УЧЕСТВУВААТ СО 16 ОТСТО ОД РАБОТОСПОСОБНОТО НАСЕЛЕНИЕ
Во Словенија работат повеќе од 150.000 странски работници, кои учествуваат со 16 отсто од работоспобното население во земјата. Во 2019 година во Словенија работеле 80.000 странци. Наредните години побарувачката за работници од странство ќе се намали, поради послабите активности на автомобилската индустрија, но постои потреба од работници во некои сектори. Странските работници во Словенија главно […]
Во општите болници во Струга и Кавадарци се отворија две нови Роса школи за доење – донација од Пивара Скопје, во соработка со Министерството за здравство
Две нови „Роса школи за доење“ се отворија денес во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Coca-Cola“, преку брендот „Роса“, а во соработка со Министерството за здравство. Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни […]
ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта
Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи […]
Целосно опремени три територијални противпожарни единици – донација од Стопанска банка
Стопанска банка целосно опреми три територијални противпожарни единици со индивидуална пожарникарска униформа која вклучува: чизми, шлем, ракавици, јакна, кошула и пантолони. Униформата е со врвен квалитет и специјално изработена за борба со шумски пожари, природна непогода од која секоја година страдаат нашите планини. ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово со вкупно 27 пожарникари веќе ја […]
Бимилк носи празнична радост за над 700 деца низ целата земја
Бимилк оваа празнична сезона ја претвори магијата на дарувањето во реалност, носејќи радост и насмевки за над 700 детски лица низ целата земја. Со оваа најголема донација на новогодишни подароци, компанијата покажа дека вистинската среќа се мери со насмевките кои ги создава. Оваа хумана иницијатива беше реализирана во соработка со бројни НВО и здруженија за […]
200 дена до ЕМОФ Скопје 2025: Одбројувањето започнува со младинска дружба и специјална кореографија
Во понеделник (30 декември), со специјален настан ќе биде одбележан значајниот момент за одбројување на 200 дена до почетокот на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Со овој настан, започнува ново поглавје во подготовките за еден од најпрестижните мулти-спортски настани во Македонија, кој ќе ја обедини европската младинска спортска елита во Скопје и […]