Годинава се увезени повеќе (половни) автомобили
Во Македонија годинава е забалежан раст на бројот на увезени и продадени нови и половни возила. Според податоците на Царинска управа, до декември годинава се увезени 49 462 патнички возила, од кои 12 170 нови и 37 293 половни. Има значително зголемување во однос на 2023 година, кога биле увезени вкупно 43 212 автомобили, од […]
БАНКИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА СО ДОБИВКА ОД МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ДЕСЕТ МЕСЕЦИ
Банките во Словенија во првите десет месеци оствариле добивка пред оданочување од една милијарда и 42 милиони евра, што е зголемување за 12,1 отсто од истиот период лани. По оданочувањето добивката на словенечките банки ќе изнесува 906 милиони евра. Поради големите разлики меѓу каматните стапки за вложување, банките остваруваат натпросечни нето каматни приходи. Нето каматната […]
СВЕТОТ ИЗДРЖА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА „СМРТОНОСНА“ ТОПЛИНА, следната година ќе биде најтоплата досега забележана година, објави Метеоролошката агенција на ОН – СМО
Климатските промени во 2024 година предизвикаа низа временски проблеми и рекордна топлина, објавија вчера Обединетите нации, повикувајќи го светот да престане да оди по патот на уништување. Следната година ќе биде најтоплата досега забележана година, објави Метеоролошката агенција на ОН – СМО (WMO). СМО предупредува дека , истовремено, емисиите на стакленички гасови соборуваат нови рекорди […]
Во Македонија најмногу странци се доселиле од Турција и од Косово
Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3 176, од кои 2 654 странци, а се отселиле 2 377 лица, од кои 2 034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика. Најмногу од доселените странци се од Европа – 2 527, од кои 2 049 од […]
ПРЕПОРАКИ ОД ИЈЗ ЗА ЗДРАВА ИСХРАНА ЗА ПРАЗНИЦИТЕ
Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци, физички активност, доволно сон и да не се користат пиротехнички средства. Да не се јаде сè на гозбите и забавите, е уште еден совет од експертите, како и јадење овошје, наместо грицки. – Можеби во […]
ИНДИЈА ЛАНСИРА ДВА САТЕЛИТА КАКО ПОДГОТОВКА ЗА МИСИЈАТА НА МЕСЕЧИНАТА
Индија лансирала два мали сателита за својот прв експеримент за спојување во вселената, што претставува важен чекор за остварување на амбициите за изградба на сопствена станица и за испраќање на човечки екипаж на Месечината. Првиот обид за спојување на сателитите е планиран за 7 јануари, соопштија од Индиската организација за истражување на вселената (ИСРО). Доколку […]
КИНА ТЕСТИРАШЕ ПРОТОТИП НА НАЈБРЗ ВОЗ ВО СВЕТОТ
Кина го откри прототипот на најновата генерација на брзи возови, кој би бил најбрз воз во светот кога ќе биде пуштен во комерцијална употреба. Возот CR450 е претставен во Пекинг и достигнал брзина од 450 километри на час и со работна брзина од 400 километри на час, соопштија од кинеското министерство за сообраќај. Возот ги […]
Mакедонски музичари за пречекот на 2025-та во Скопје и „Зимска приказна“ во Битола
Музичката програма за испраќање на старата и пречекот на Новата 2025 година во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи. „Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“ организира Град Скопје. Новогодишниот концерт ќе почне во 19.30 часот со настап на Сара Мејс. Од 20.30 часот ќе настапи групата „Љубојна“, а потоа и „Ареа“, од 22 […]
Во Велес порибени Вардар со 200 килограми крап, а Тополка и Бабуна со 80 килограми пастрмка
Здружението на Спортски риболовци „Бабуна“ на неколку локации од велешкиот ревир изврши порибување со 200 килограми подмладок на риба крап на реката Вардар и со 80 килограми подмладок риба пастрмка на реките Тополка и Бабуна. Како што информира Даниел Наумовски, претседател на ЗСР „Бабуна“ ова е годишно порибување согласно обврските на здружението кон Министерството за […]
Сиднеј ја дочека 2025 година со традиционалниот спектакл на пристаништето
Сиднеј ја дочека новата година со традиционалниот и светски познат огномет над пристаништето, следен од милиони луѓе во земјата и светот, јави ДПА. Огнометот во австралискиот град започна на полноќ на позадината на пристаништето и Операта. Годинава се употребени девет тони пиротехнички средства кои го осветлиле небото. Огномет беше поставен на 264 различни локации, значително […]