ОД ЕВРОЗОНАТА САМО ШПАНИЈА Е СО ДВОЦИФРЕНА СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ

Годишната инфлација во еврозоната се зголеми трет месец по ред и во декември достигна 2,4 отсто, објави во вторникот статистичката агенција Евростат. Базичната инфлација се задржа на 2,7% четврти месец по ред, што исто така ги исполни очекувањата на економистите, додека инфлацијата на услугите скокна на 4% од 3,9%. Германската инфлација скокна на 2,9 отсто […]

СЛОВЕНИЈА СО НАЈМАЛ БРОЈ НА РОДЕНИ ДЕЦА

Во Словенија минатата година имало 16.735 породувања, што е за 130 помалку од 2023 година. Тоа е досега најниско ниво на бројот на родени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ). Проценетиот број живородени, вклучително и повеќеплодната бременост, е околу 16.900. Засега, привремените и неофицијални податоци на НИЈЗ го потврдуваат продолжувањето на негативниот […]

„ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ САНКЦИОНИРААТ ТРГОВЦИТЕ КОИ НЕОПРАВДАНО ГИ ПОДИГААТ ЦЕНИТЕ“, порача хрватскиот министер за економија

Граѓаните да ги санкционираат трговците кои неоправдано ги подигаат цените и со тоа придонесуваат на растот на инфлацијата, порача Анте Шушњар, министерот за економија во Хрватска, по објавувањето на најновите податоци за годишната стапка на инфлацијата во земјата, која во декември се зголеми на 3,4 отсто. Според податоците на Евростат, инфлацијата во Хрватска изнесува 4,5 […]

Во ЕУ нема универзитет меѓу водечките во однос на патенти

На листата на 50 водечки универзитети во светот според бројот на патенти, доминираат американски и кинески институции, додека универзитети од Европската Унија (ЕУ) воопшто нема, покажува студијата на Институтот за светска економија од Кил. Според истражувањето, 70 проценти од универзитетите во Европа воопшто немаат директни патентни активности, а најголемиот дел од патентите потекнуваат од универзитети […]

КИНА ЗАВРШИ СО ИЗГРАДБАТА НА НАЈДОЛГИОТ ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ

Во Кина денеска беше објавено дека е завршена изградбата на тунелот „Тјеншан Шенгли“, кој е најдолг тунел во светот, во должина од 22,13 километри. Тунелот ќе го поврзува јужниот и северниот дел на автономната област Синџанг. Тунелот ќе го намали патувањето под планината Тјеншан на дваесет минути. Во изминатите четири години повеќе од 3.000 работници […]

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во Скопје и северозападните делови од државата. Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 23:12 часот со епицентар на 24 километри северозападно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 2,8 степени.

ГРАЃАНИТЕ ВО ИРСКА СО НАЈВИСОКИ ТРОШОЦИ ЗА ДОМУВАЊЕ

Цените на недвижностите во ЕУ се зголемија за 48 отсто меѓу 2010 и 2023 година, додека трошоците за домување, вклучително и кириите, нагло пораснаа во некои земји-членки, се вели во најновиот извештај за домувањето во Европа објавен од Еуростат. Луѓето во Ирска се соочија со највисоки трошоци за домување. Во 2023 година во оваа земја […]

Јосифовски: За стопанството и за граѓаните на РСМ, 2025 година ќе биде уште една тешка и неизвесна година

„Во новата година очекувам промената на власта во САД да резултира со намалување на политичките и на воените тензии на глобално светско ниво. Со тоа ќе се создадат услови за побрзо опоравување на економијата и за зголемување на сигурноста кај инвеститорите. Сепак, цените на нафтата, на природниот гас, на струјата и на храната на светските […]

САШО НАУМОСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: КОМОРАТА НЕ Е САМО ЗАСТАПНИК НА ИНТЕРЕСИТЕ НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ, ТУКУ И ГО ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРА ГЛАСОТ НА БИЗНИСОТ

Oдржливоста и развојот на компаниите, новите инвестиции, присуството на нови пазари на нашите компании се дел од темите за кои разговараат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“ од Прилеп и почесен конзул на Украина во Македонија, во следната епизода на подкастот „Бизнис-клуб“. Според него, […]

ГЕРМАНСКИТЕ НЕГУВАТЕЛИ НА СТАРИ ЛИЦА НА „ПЕЧАЛБА“ ВО ЛУКСЕМБУРГ

Над 52.000 Германци работат во Луксембург што е зголемување од 30 отсто од пред десет години. Поголемиот број од овие работници живеат во Германија и секој ден патуваат на работа. Само во секторот на здравствена и социјална грижа се регистрирани 6.300 германски неговател(к)и, објави Националниот институт за статистика. Негувателите од Германија работат во пограничните области […]