МАКЕДОНИЈА ВО СНЕГ, на Попова Шапка најстудено со најмногу снег, најтопло во Претор
На Попова Шапка утрово е најстеудено со измерени -9 степени Целзиусови и со најмногу снег 52 сантиметри, а најтопло е во Претор со 2 степени. Во Маврови Анови се измерени -8 степени, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп и Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид и Дебар, -1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес […]
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила
Од 09.30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, соопштија од Ј.П. Македонијапат. Забрана за сообраќај од 08.05 часот е воведена за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на […]
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во село Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Од ЦУК соопштија дека преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, […]
ВО ФРАНЦИЈА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ЗА ФРАНЦУСКИТЕ ФИЛМОВИ БЕЛЕЖИ РЕКОРДИ!
Во Холандија посетеноста на кината во 2024 година забележила намалување во споредба со 2023 година. Лани продажбата на билети е намалена за седум отсто на 29 милиони, а причината е што во холанските кина биле прикажувани релативно помали филмски хитови. За разлика од Холандија, продажбата на билети во кината во Франција се зголемила за 0,5 […]
ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ РАСТЕ ШЕСТА НЕДЕЛА ПО РЕД
Вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на светски валути се зголеми минатата недела и тоа е шеста седмица по ред. Растот на доларот се случува по информациите дека американската централна банка годинава ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки. Индексот што ја покажува вредноста на американската валута кон шесте најважни валути […]
ДОМАЌИНСТВАТА ВО БЕЛГИЈА СЕ МЕЃУ НАЈБОГАТИТЕ ВО ЕВРОПА
Граѓаните во Белгија се меѓу најбогатите во Европа и со личното богатство се над просекот на еврозоната, соопшти Националната банка на Белгија. Вкупното нето богатство на домаќинствата во Белгија е проценето на 2.800 милијарди евра на крајот на 2022 година, пренесува „Бизнис Тајмс“. Просечното богатство по домаќинство во Белгија изнесува 555.000 евра, а тоа е […]
СРЕДНИОТ МЕНАЏМЕНТ Е НАЈВАЖНОТО НИВО ВО НАПРЕДНИТЕ КОМПАНИИ

Колку македонските компании посветуваат внимание на подобрување на внатрешните организациски перформанси преку подобрување на вештините кај вработените? К. Витрих: Можам да забележам дека изминативе три до четири години македонските компании започнаа да посветуваат поголемо внимание на развојот на вештините кај нивните вработени, што не беше случај пред седум години. Оваа промена во најголема мера е […]
БЕСПЛАТНИ ПРОЕКЦИИ НА ПЕТ РЕГИОНАЛНИ НАГРАДУВАНИ ФИЛМОВИ, Зимско издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион од 17 до 26 јануари
Од 17 до 26 јануари ќе се одржи зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион. Станува збор за заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали – Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“. Публиката од земјите чии […]
Вевчани подготвено за фестивалот на сатирата
Речиси 15 вековната традиција повторно го разбранува духот на Вевчани. Хуморот и сатирата и годинава ќе преовладува на 13 и 14 јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики. Според традицијата, на автентичен начин жителите на ова под Јабланичко село ќе се пошегуваат со негативните состојби во земјава и светот и ќе испратат силна порака […]
Македонија со највисока стапка на смртност во Европа поради загадениот воздух
Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), „Еуроњуз“ денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот. Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат како […]