УЈП: ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ
Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен. Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи […]
АРГЕНТИНСКАТА „ШОК“ ТЕРАПИЈА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА
Инфлацијата во Аргентина во 2024 година изнесуваше 117,8 отсто, што е „огромен“ пад од 94 поени во однос на претходната година. Во декември лани на месечно ниво инфлацијата се зголемила за 2,7 отсто, објави Националниот институт за статистика (Индек). Иако, има благ пораст во однос на ноемврискиот месечен раст од 2,4 отсто, инфлацијата во Аргентина […]
ОД УЧИЛИШТАТА ВО ШТИП СЕ ИСПИШАЛЕ 30 УЧЕНИЦИ
Во првото полугодие на учебната 2024-2025 година од петте основни училишта се испишале 30 ученици, покажуваат анализите на Секторот за образование во Општина Штип. Раководителката на Секторот за Локален економски развој (ЛЕР) и образование во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека мора да се потенцира дека има и 21 ученик, кои се новозапишани во […]
ЗНАЧИТЕЛНИ РИЗИЦИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗЕМЈАТА ОД ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ, ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ИМА НЕДОСТИГ НА КВАЛИФИКУВАН КАДАР, извештај на Државниот завод за ревизија
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање поради немање национална стратегија за заштита и спасување, недостиг на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција […]
БАНКАРСКА СЛУЖБЕНИЧКА КРАДЕЛА ОД ЗЛАТОТО ОД СЕФОВИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ!
Јапонската полиција уапсила поранешна работничка на позната банка поради наводна кражба на златни прачки од сефовите на клиентите. Полициски извори за агенцијата „Кјодо“ изјавиле дека е осомничена жена на возраст од 46 години, која се товари за кражба на 20 килограми златни прачки во вредност од околу 260 милиони јени (1,6 милиони долари). Златните прачки […]
Економија и бизнис | 15 јануари 2025г.
Во бројот од 15 јануари 2025г. ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.
Од викендот пораст на дневните температури
Утре и во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот […]
Во делчевското продолжи обичајот под маски „Ѕвегорска Сурова“
Во делчевското село Ѕвегор и годинава продолжи обичајот под маски „Ѕвегорска Сурова“. Според учесниците на настанот станува збор за доста стара традиција која се организира за Стара Нова Година – Василица. Кум на годинешниот настан е Никола Анастасовски, кој годинава со семејството е задолжен Ѕвегорска Сурова да помине во најдобар ред. – Наше е да […]
Кос: Една до три земји може да влезе во ЕУ во текот на овој мандат
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека постои реална перспектива една до три земји да ја постигнат целта за проширувањето за време на актуелниот мандат на Комисијата. За време на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (Афет), Кос зборуваше за напредокот на 10-те кандидати за членство во ЕУ, а […]
За денеска најавен протест на вработените од осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив
Вработени од јавната администрација денеска ќе излезат на протест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата. Од Синдикатот на УПОЗ, кој ги обединува синдикалните организации на повеќе министерства и други јавни институции, во изјава за МИА велат дека на протест денеска излегуваат осум министерства, Државниот завод за статистика и […]