НЕДОСТИГОТ НА ЛЕКОВИ НА ОНКОЛОГИЈА Е ПОРАДИ НЕСООДВЕТНО ПЛАНИРАЊЕ ВО 2024 ГОДИНА, изјави Сашо Клековски, директорот на ФЗО

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошка терапија. Дел од нив, во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“. – Клиниката за онкологија не е во […]

КАВАДАРЦИ ОРГАНИЗИРА ФЕСТИВАЛ НА РАКИЈАТА ВО ПОВЕЌЕ КАТЕГОРИИ

Фестивал на ракијата ќе се одржи во Кавадарци, објавен е повик за доставување на мостри, информираа денеска од Организациониот одбор на првиот интернационален фестивал на јаки алкохолни пијалаци и ликери, во изјава за МИА. Оттаму подвлекоа дека меѓу членовите на комисијата за оценување се и стручните лица енологот Елена Богева, професорите доктори Виолета Иванова Петропулос […]

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ПИЈАНИТЕ ВОЗАЧИ

Со новиот Закон за сообраќај во Грција, кој е ставен на јавна расправа до 24 јануари, се воведуваат строги санкции за прекршоци поврзани со тешки сообраќајни несреќи. Посебно внимание се посветува на возењето под дејство на алкохол, кое е меѓу водечките причини за сообраќајни несреќи со смртни последици. Возачите со концентрација на алкохол во крвта […]

Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград

Шест лица загинаа, седум се повредени, а 13 се спасени во пожар што утринава избувна во дом за стари лица во населбата Велики Борак во белградската општина Бараево. Во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот имало 30 корисници. Седум повредени се пренесени во ВМА и Ургентниот центар. Извор/фото МИА

Денеска температурата до 11 степени

Утрово е студено со појава на магла по одделни котлини, а преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне студено со појава на магла, преку ден […]

Турски туристи синоќа се изгубиле кај Кањонот Матка, побарале помош од ЦУК

Турски туристи кои се наоѓале спроти ресторанот „Кањон Матка“ синоќа безбедно се префрлени преку езерото. Центарот за управување со кризи денеска информираше дека вчера на бројот 112 е добиена пријава од нив дека не можат да се движат во мракот и дека им е потребна помош за да преминат од другата страна каде се наоѓа […]

Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

Поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа дел од потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина ќе почувствуваат намален квалитет во испораката на топлинска енергија. Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска […]

„Од овој момент, падот на Америка заврши“, рече Доналд Трамп во своето инаугуративно обраќање

Златното доба на Америка почнува токму сега, рече американскиот претседател, – Повторно ќе се избалансира вагата на правдата. Злобното, насилно и неправедно вооружување на Министерството за правда и владата ќе заврши, рече Трамп. Тој истакна дека се враќа како 47-ми претседател „уверен и оптимист дека сме на почетокот на возбудливата нова ера на национален успех“. […]

Протестите во Србија не се смируваат

Повеќе од месец дена по трагичната несреќа во Нови Сад каде што животот го загубија 15 луѓе, народот во Србија е сè уште на улиците. Протестите и незадоволството наместо да губат на интензитет постојано се интензивираат. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за прв пат може да се види вистински загрижен или втор пат ако се […]

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Технологијата на Odyssey 3D мониторите на Samsung овозможува оптимизирано 3D гејминг искуство со NEXON и NEOPLE Samsung Electronics го објави партнерство со развивачите на игри Nexon Korea и Neople за да испорача неспоредливи 3D искуства во претстојната игра „The First Berserker: Khazan“. 3D елементите на играта се специјално прилагодени и дизајнирани во текот на развојот, […]