Осумдесет години од ослободувањето на Аушвиц, Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц
Вниманието на светот денеска е свртено кон Аушвиц-Биркенау, еден од најтемните симболи на човечката историја, а по повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на овој нацистички логор во Полска. Церемонијата треба да започне во 15:00 часот по Гринич и се очекуваат 54 меѓународни делегации, меѓу кои ќе бидат и претседателите на Италија, Франција и […]
Телефонски разговор Муцунски – Саар
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со неговиот израелски колега, министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саар. Во текот на разговорот, министрите разменија мислења за актуелните состојби на регионален и глобален план, како и за билатералните односи меѓу двете земји. Министерот Муцунски го искористи разговорот за […]
ВО БРИСЕЛ СЕ РАЗГЛЕДУВА ОПЦИЈАТА ЗА „КУПУВАЈ ЕВРОПСКО“ КАКО ОДГОВОР НА ПОЛИТИКАТА „АМЕРИКА НА ПРВО МЕСТО“!
Официјален Брисел планира да им дозволи на владите од земјите во Европската Унија да можат при склучувањето на договорите да ја вклучат и одредницата „купувај европско“, како одговор на политиката на „Америка на прво место“ која се промовира од американскиот претседател Доналд Трамп. Европската комисија ќе предложи да се користи оваа „одредба“ во јавните набавки […]
На берзата на МЕМО околу 63 отсто од продадената електрична енергија е произведена дома
Институциите и компаниите при јавната набавка на електрична енергија да применуваат стандардни тендерски правила преку кои договорите за снабдување би се индексирале согласно податоците на македонската берза – Индекс на МЕМО-Пазар ден однапред (ПДО), порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Како што истакна Божиновска, македонската берза на електрична енергија треба […]
КОИ ЗЕМЈИ ЌЕ ИЗГУБАТ НАЈМНОГУ ОД БЛОКОВСКАТА ПОДЕЛБА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА?
Целосното раздвојување на западните и источните економии би можело да ја чини глобалната економија 5,7 трилиони долари или до пет отсто од БДП, покажува истражувањето на Светскиот економски форум. Загубата првенствено би била последица на помалиот обем на трговија, намалените текови на капитал и пониската економска ефикасност, се додава во извештајот. Ова сценарио најмногу би […]
Неделен пад на цените на нафтата
Цените на нафтата на светските пазари минатата недела значително паднаа, по четири недели раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар […]
Поевтинуваат горивата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 1,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 […]
Црногорците во петок ќе ги бојкотираат продавниците
Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците. – В петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, на сите без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани, се наведува […]
РАБОТНИЦИТЕ ОД БиХ НЕ СЕ ЗАИНТЕРEСИРАНИ ЗА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА!
Невработените лица во Босна и Херцеговина најголемо интересирање за работа во странство покажуваат за Словенија, за што посредуваат и од Агенцијата за вработување во БиХ. Агенцијата продолжува да посредува при вработување на оние кадри кои се вишок на барањата на домашниот пазар на трудот, а целта е граѓаните во БиХ да бидат заштитени при заминувањето […]
Во зимски услови 120 планинари се искачија на Царев Врв
Вкупно 120 планинари од Крива Паланка, Куманово, Пробиштип и Скопје, вчера го искачија вториот по височина врв на Осоговските Планини, Царев врв, во зимски услови, во рамки на заедничката акција организирана од планинарско- спортски клуб „Калин Камен”, Крива Паланка и планинарско друштво „Хајкинг”, Скопје. – На оваа акција имаше повеќе од 120 планинари. Покрај нашите […]