ЧЕШКАТА НАРОДНА БАНКА „РАЗМИСЛУВА“ ДА ВЛОЖУВА ВО БИТКОИНИ!
Народна банка на Чешка ја разгледува можноста во своите резерви да ги вклучи и влоговите во биткоини за што би потрошила неколку милијарди долари, изјави Алеш Михл, гувернер на централната банка на Чешка. Идејата за вложување во криптовалути се уште се анализира, но ова е прв ваков потег на некоја западна централна банка, кои своите […]
„ОПАСЕН ПЛЕВЕЛ СЕ ШИРИ И ГО ЗАГРОЗУВА ЕКОСИСТЕМОТ ВО ТИКВЕШИЈАТА“, предупредуваат екологисти од Неготино
Екологисти од Неготино стартуваа со активности против отровно растение што ги загрозува екосистемот и земјоделството, информираа попладнево од Здружението за заштита на животната средина, „Ековита”, во изјава за МИА. – Го презентиравме нашиот проект пред претставници од Амбасадата на Шведска, како основен донатор на програмата. Станува збор за екомисија, мапирање и контрола на ширењето на […]
Беседата „Чувај се себеси“ “ на авторот под шифра: „1111“ ќе ја добие наградата „Григор Прличев“
Беседата насловена „Чувај се себеси“ на авторот пријавен под шифра „1111“ е избрана за најдобра на Конкурсот што во чест на охридскиот поет и преродбеник го распишува Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Од пристигнатите осум беседи на конкурсот комисијата ја издвои посочената беседа поради нејзината уметничка, јазична и естетско – етичка вредност. На […]
Предложен нов амбасадор во Франција
Игор Николов, советникот за здравствена политика на премиерот Христијан Мицковски, ќе биде нов амбасадор на земјава во Франција. – Проф. др. Игор Николов, тој беше мој советник во делот на здравствената политика, чиј што договор ќе престане, бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од Владата да биде нов амбасадор на нашата држава за […]
ЗА „ПРОЧИСТУВАЊЕ“ НА ВОЗДУХОТ СО ЕВРОПСКИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ПРАВИ ПРАВНА РАМКА
Со поддршка на ЕУ ИПА 2 Програмата во номври 2024 година започната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитет на воздух со европските регулативи, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. – Во рамки на двогодишниот проект за кој Европската Унија обезбеди средства во висина од […]
Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола слави 80 години настава на современ македонски јазик
Средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз-Тито“ со повеќе свечености ќе го одбележи 6 февруари, денот кога пред 80 години во гимназијата почна да се изведува настава на современ македонски јазик. Директорката на гимназијата Лидија Споа ја претстави неколкудневната празнична програма која ќе почне да се реализира на 3 февруари со изложба на слики инспирирани од […]
ЖЕНИТЕ ИЛИ МАЖИТЕ? КОЈ ПОВЕЌЕ РАБОТИ И КОЛКУ ВРЕМЕ „ТРОШИ“ ВО НЕПЛАТЕНА ДОМАШНА РАБОТА, истражување во Србија
За период од 12 месеци, жените во Србија еден месец поминуваат во неплатени домашни работи: готвење, чистење, перење, пеглање и за грижа за другите членови од семејството. Од Републичкиот завод за статистика работеле на истражување за тоа кој повеќе извршува неплатени домашни работи од жените и мажите и колку чинат овие активности? – Во сите […]
Следуваат денови со врнежи, денеска променливо облачно
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до […]
ПО ЗАВРШЕН ХИРУРШКИ ЗАФАТ ПОБАРАЛ 150 ЕВРА ДА СЕ „ПОЧАСТИ“, приведен лекар од Битола поради примање поткуп
Полицијата вчера го привела М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола поради сомневање дека примил поткуп. За него е предложена и мерка притвор, бидејќи, според битолското обвинителство, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство. – На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го […]
ПРЕДЛОЖЕНИ УШТЕ ТРОЈЦА НОВИ АМБАСАДОРИ, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
Покрај Игор Николов кој треба да замине за амбасадор на Франција, предложени се уште тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска. Извори од Владата за МИА потврдуваат дека за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски. На вчерашната владина седница донесена […]