Слаб земјотрес регистриран во Штип и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.7. е регистриран изутринава во 9 часот и 18 минути во епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според […]
Пријавување за групни маски за манифестацијата „Сусурига 2025″
Општина Крива Паланка и фондацијата „Со срце за Крива Паланка” ги започнаа подготовките за годинашната манифестација „Сусурига 2025“ што втора година по ред ќе се одржи по повод празникот Прочка и ќе ја оживее старата градска традиција на маскирање и палење на оган за време на овој празник. „Сусурига” ќе се одржи на 1 март […]
РАЗРЕШЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА ДЕТСКАТА БОЛНИЦА „КОЗЛЕ“
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потпишал решение за разрешување од функцијата на досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска. На нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска. – Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата „Козле“ е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над […]
ДЗР: Општина Делчево со постојана блокирана сметка од 2008 година
Општина Делчево e со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес. Поради ненавремено подмирување на обврските, општината од 2008 година е во постојана блокада, со намалена ликвидност и солвентност и вкупен долг од 162.218 илјади денари, а во 2012 и 2013 година, извршена е […]
Македонија2025 доделува 20 стипендии за петтиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност
Македонија2025 со задоволство ве информира дека е отворен повик за доделување на 20 стипендии за петтиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност, предвиден да се одржи од 13-17 јули 2025 година во Охрид. Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација […]
ВО ЈАПОНИЈА БИЛЕТИТЕ ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ СО ДОПИР!
Голема јапонска компанија за кредитни картички планира да воведе плаќање со допир за билети во јавниот превоз на целата територија на Јапонија. Оваа одлука треба да биде во функција во 2026 година со цел да го олесни патувањето на странските туристи кои често се одлучуваат да плаќаат во готово или со краткорочни транзитни картички, објави […]
ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА СЕ НАЈВИСОКИ ВО ГЕРМАНИЈА, НАЈМАЛИ ВО…
Трошоците за превентивна здравствена заштита во Европската Унија учествуваа со 5,5 отсто од вкупните расходи за оваа област во 2022 година. Овој удел го одразува влијанието на мерките за превентивна нега активирани како одговор на пандемијата Ковид-19, кои сè уште беа во сила во 2022 година. Како резултат на тоа, трошоците за превентивна здравствена заштита […]
Годинава нема покана за Бугарија за заедничко чествување на Гоце Делчев, изјави бугарскиот шеф на дипломатијата
Заедничко одбележување на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе нема бидејќи Бугарија не добила покана од Северна Македонија, изјави денеска шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев во интервју за БТВ. – Ако прашањето е зошто нема да има заедничко чествување, тоа е затоа што не сме добиле покана за такво нешто. […]
Велес шест дена со високи концентрации на ПМ10 честички во воздухот
Во изминатите шест дена концентрациите на ПМ 10 честички во воздухот во Велес покажуваат дека се над максимално дозволените. Ова се податоци од Државниот автоматски мониторинг за квалитет на воздух на Министерството за живитна средина и просторно планирање, кои се регистрираат на единствената мерна станица во Велес поставена во новиот дел од градот во населбата […]
НЕДЕЛА НА НЕИЗВЕСНОСТ НА ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР НА НАФТА, цените на нафтата паѓаат втора недела по ред
На светските пазари цените на нафтата паднаа втора недела по ред, бидејќи се очекува зголемување на производството на ОПЕК и САД. Поради бавниот раст на најголемите светски економии не се очекува значително зголемување на побарувачката. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се намали за повеќе од 3 отсто, на 75,78 долари, додека на […]