ЗА ВИКЕНДОТ СО МИНУСНИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денеска наутро времето во земјава е студено со услови за појава на магла по котлините, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поизразена во источните и југоисточните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движи во интервал од минус седум до три Целзиусови степени, […]

МВР: Дојавите за поставени бомби во училишта се лажни пријави

Министерството за внатрешни работи соопшти дека неговите надлежни служби преземаат сеопфатни плански мерки и активности по пристигнатите пријави за наводно поставени бомби утрово во училишта низ државава. -Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на […]

Театарска претстава за заедничкиот идентитет на Медитеранот

Творци и уметници од балканските и медитеранските земји започнуваат со работа на заеднички проект – театарска претстава МедМан или „Испреплетениот човек“. Проектот е посветен на богатиот, повеќеслоен идентитет на Медитеранот и потрагата по заедничкиот код на медитеранскиот човек низ историските епохи, најавија организаторите од Драмскиот театар (ДТ) – Пловдив. Работата на проектот започна денеска со […]

Утре студено со утринска магла

Утре ќе биде студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје наутро ќе […]

ЕВРОЗОНАТА БИ БИЛА НАЈГОЛЕМИОТ ГУБИТНИК ВО ТРГОВСКАТА ВОЈНА САД-КИНА, тврди италијански економист

Пред Европската централна банка има уште простор за намалуваљње на каматните стапки, поради намалувањето на стапката на инфлација во еврозоната, изјави Пиеро Циполоне италијанскиот економист кој е член на извршниот одбор на ЕЦБ. Според него, трговската војна меѓу американската влада и Кина може да има штетни последици за целата еврозона. – Голем фактор на несигурност […]

ТРЕТАТА АЗИСКА ЕКОНОМИЈА СО НАЈНИЗОК РАСТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Индиската централна банка ги намали каматните стапки за прв пат по речиси пет години за да се спротивстави на забавувањето на растот на третата по големина азиска економија. Резервната банка на Индија (RBI) ја намали својата каматна стапка по која им позајмува на комерцијалните банки и тоа од 6,5% на 6,25%. Најновото намалување доаѓа откако […]

ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ВО БиХ СЕ ПОВИСОКИ ОД ЦЕНИТЕ ВО ШВЕДСКА

Цените на артиклитево продавниците во Босна и Херцеговина се повисоки од производите во Шведска, предупредуваат организациите за заштита на потрошувачите, кои повикаа на граѓански бојкот на големите трговски синџири. Просечната нето плата во БиХ во ноември била 1.406 KM, во Шведска просечната во 2024 година е 31.289 круни, што е 5.381 KM. Според студијата за […]

СТАНБЕНАТА КРИЗА ВО ГЕРМАНИЈА ПРОДОЛЖУВА И ГОДИНАВА, слабата понуда може да предизвика социјална експлозија предупредуваат експертите

Кризата во германската изградба на станови се прошири на почетокот на 2025 година, со слаба побарувачка и покрај недостигот на станови, покажува истражувањето на економскиот институт ИФО. Во јануари над половина од анкетираните менаџери во секторот за изградба на станови или 57 отсто, се пожалија на недостаток на нарачки. Во декември 2024 година, овој процент […]

ПРЕСТАНОК НА ВАЖЕЊЕ НА ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕБРЗО ВОЗЕЊЕ И ЗА ПИЈАНИ ВОЗАЧИ, се дел од законските измени

Во контекст на актуелните случувања во однос на безбедноста во сообраќајот во нашата држава, Министерството за правда е фокусирано на утврдување на можни измени и дополнувања во законите, со кои ќе се придонесе за значително зајакнување на безбедноста во сообраќајот, изјави денеска министерот за правда Игор Филков на јавната расправа во Собранието. -Со оглед на […]

Граѓаните се „многу загрижени“ од корупцијата, организираниот криминал, иселувањето во странство и финансиската задолженост, истражување на МЦМС

Мнозинство граѓани (59,8 отсто) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена, покажува истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за перцепцијата на граѓаните за безбедноста – личната и општо во државата. Како што информира Центарот, истражувањето е составено од два дела, во првиот дел се обработени прашањата поврзани со безбедносната загрозеност, […]