И по Доналд, Доналд

Сериозниот предизвик со кој се соочува глобализацијата, а по една друга линија и либералната демократија, ќе кулминира во 2025 година. Веќе кулминира под силното погонско гориво наречено извршни наредби на претседателот Доналд Трамп само во првата недела од неговиот втор мандат. Веројатно 2025 година ќе биде година на ново репозиционирање на глобалната политика. Веќе ги […]

ЗА 24 ЧАСА ПРЕКУ СМС НА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИМ ДОАЃА СЛИКА СО СООБРАЌАЈНИОТ ПРЕКРШОК, најави министерот Тошковски

Нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на трибината со наслов „Суштината на проблемот – лоши закони или лоша примена?“. Според Тошковски, тие решенија ќе обезбедат транспарентност, фер третман за сите прекршители и зголемена ефективност во примената на закони. Тој рече дека […]

ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ ИЗМАМИЛ 91 ГОДИШНА СТАРИЦА ОД СКОПЈЕ

Скопјанка на возраст од 91 година, вчера во 15 часот во СВР – Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале […]

САМО ШВЕДСКА ЈА ИСПОЛНИЛА ЦЕЛТА ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА ВО ТРАНСПОРТОТ

Уделот на обновливите извори на енергија во транспортот на ниво на Европската Унија достигна 10,8 отсто во 2023 година, што е зголемување за 1,2 процентни поени во споредба со претходната година, објави статистичката канцеларија на ЕУ, Еуростат. Еуростат вели дека тој удел бил за 18,2 процентни поени помал од целта од 29 отсто до 2030 […]

КАКОВ Е ПЛАНОТ НА ЕВРОПА ЗА ДА СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ГЛОБАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА?

„Европа има сѐ што ѝ треба за да се искачи на врвот. Но, во исто време, мора да си ги зајакнеме слабите страни за да ја вратиме конкурентноста“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по презентирањето на патоказот за зајакнување на конкурентноста на 27-члената Европска Унија. Таканаречениот Компас за конкурентност е економска […]

ТРАМП РАЗМИСЛУВА ЗА НОВИ ЦАРИНИ, НА РЕД Е ЈАПОНИЈА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе размисли за воведување царини за јапонскиот извоз доколку не се елиминира трговскиот дефицит на САД со оваа азиска земја и вети дека следната недела ќе објави „реципрочни“ царини за другите земји. Говорејќи во Белата куќа заедно со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, Трамп предупреди дека царините се опција за […]

АВСТРИЈА ВО ПРОБЛЕМИ: ИНФЛАЦИЈАТА РАСТЕ, ПОЛОВИНА МИЛИОН БЕЗ РАБОТА…

Инфлацијата во Австрија повторно расте, а во јануари 2025 година цените се зголемени за 3,3 отсто во однос на минатата година. Споредено со декември 2024 година, во јануари годинава е забележан пораст од 1,1 отсто, објави австрискиот национален завод за статистика Статистика Австрија.. Главни двигатели на враќањето на инфлацијата биле цените на услугите и енергијата. […]

СЕКОЈ ВТОР ВРАБОТЕН ВО СРБИЈА БАРА ПОДОБРА РАБОТА!

На Србија во следната деценија ќе и недостигаат меѓу 80.000 и 100.000 работници, покажува анализата на Институтот за развој и иновации. Во Србија невработеноста се намалува, а на работодавачите им е се потешко да најдат и задржат квалитетен кадар. Поради тоа 54 отсто од вработените во Србија размислуваат да ја напуштат сегашната работа во потрага […]

СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ГО ПОСКАПЕ ГАСОТ НА ЕВРОПСКАТА БЕРЗА

Цената на природниот гас вчера на европската берза ТТФ го достигна највисокото ниво во последните две години. Од 1 јануари транзитот на руска енергија во Европа преку Украина е прекинат, а студеното време ја зголеми побарувачката и ги намали залихите во магацините. Цената на гасот надмина 54,5 евра за мегават-час, што е околу 580 долари […]

УЈП: ЗА ДЕНОВИТЕ НА БОЈКОТОТ НА ТРГОВЦИТЕ НАМАЛЕН ПРОМЕТОТ ЗА 22 ОТСТО

Во четвртокот на 6 февруари до полноќ во GPRS системот на Управата за јавни приходи (УЈП) е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки, додека во петокот на 7 февруари до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени […]