Без струја делови од Карпош, Бутел, Кисела Вода и Аеродром
Корисниците од дел од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Осло“ во општина Карпош денеска од 9 до 12 часот ќе немаат електрична енергија. Како што соошти ЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 11 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. „Александар Урдаревски“, блиску до клучката со […]
Студен бран со снег, од среда сончево
Од утринава во Скопје врне снег, а според прогнозата на синоптичарите денеска во главниот град ќе има повремени врнежи од дожд и снег и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде максиум до шестиот степен. Снег врне и во останатите делови од државата, а според утринските информации од Управата […]
Конкурс за нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола
Друштвото на филмските работници на Македонија објави конкурс за избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола. Новиот директор на фестивалот ќе го наследи досегашниот Симеон Дамески кој во два мандати од по две години го водеше фестивалот на кинематограферите од светот кои секоја есен во Битола се натпреваруваат за наградата златна […]
ПРЕПОРАКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА ГРИПОТ, нoсење заштитни маски и забрана за посети во здравствените установи
Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита – носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно. Ова се превентивните мерки за спречување на ширење […]
Без струја утре дел од Општина Аеродром
Без електрична енергија утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Мите Богоевски“ – подулици број 3, 4, 5 и 7 во Општина Аеродром. Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. фото freepic
ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е СЕРИОЗНО ЗАСЕГНАТА ОД ЦАРИНСКАТА ВОЈНА СО САД
Германската економија сериозно е загрозена од евентуланите царини на американскиот претседател Доналд Трамп. Германија како извозно ориентирана земја би се соочила со „значителни ризици за економскиот раст“, доколку се исполнат најавите за воведување на дополнителни американски царини, изјави Јоаким Нагел, претседателот на Бундес банка. Централната банка прогнозира дека германската економија во 2027 година може да […]
„Сè тече, сè се менува, само каматата фиксна останува“
Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка ја претставува својата најнова кампања за потрошувачки и станбен кредит, која нуди фиксни каматни стапки и фиксни месечни рати, обезбедувајќи финансиска сигурност и стабилност за сите клиенти. Оваа понуда е одлична можност за полесно и поефикасно планирање на финансиските обврски и дава поголема контрола врз личните финансии. Клучните карактеристики на новите кредитни понуди […]
Тетовската библиотека во помалку од 150 квадрати метри, книгите се чуваат по ходници…
Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово во 2024 година го зголеми книжниот фонд со купување на 470 нови наслови, односно 1420 нови книги и 269 нови книги подарени од тетовските роднокрајни автори. Бројот ќе се зголемува и во текот на оваа календарска година со оглед дека има одобрен буџет од Министерството за култура, но од друга […]
КОИ ЗЕМЈИ НА БАЛКАНОТ ИМААТ НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ЗАГИНАТИ ВО СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ
Според податоците на Институтот за безбедност во сообраќајот, во Бугарија во 2024 година се случиле вкупно 7.159 сообраќајни несреќи, во кои загинале 479 лица, а 9.046 биле повредени. Со оглед на населението од околу 6,44 милиони жители, ова значи дека на еден милион жители загинале 74 лица во сообраќајни несреќи, пишува денеска БТА и се […]
Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ, највоздржани се најмладите и највозрасните
Поддршката на граѓаните за пристапување кон Европската Унија се задржува на ниво од 62 процента. Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад кај нашите граѓани – за 20 проценти во споредба со лани – покажуваат наодите од Анализата на јавното […]