ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ПРЕТРПИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, ќе настане реорганизација и наместо Агенција за квалитет во високото образование ќе има Одбор за акредитација и евалуација, кој ќе биде со сосема поинакви правила и принципи, посочи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. – Тоа сигурно ќе придонесе за зголемување на квалитетот на образованието. […]

ЉУТКОВ: НАШИОТ ЈАЗИК Е МАКЕДОНСКИ, МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК Е ТЕМЕЛ НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ

Мајчиниот јазик е повеќе од средство за комуникација, тој е темел на нашиот идентитет, чувар на културното наследство и мост кон идните поколенија, истакна министерот за култура Зоран Љутков на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. – Нашата […]

ПАТНИЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ТРОШАТ НА ВЕЛНЕС ТУРИЗМОТ

Глобалната велнес туристичка индустрија продолжува да расте со многу брзо темпо. Се предвидува дека ќе вреди околу 1,35 милијарди долари до 2028 година, според податоците на Статиста. Во 2022 година вредноста на глобалниот велнес туризам изнесувала повеќе од 637 милијарди долари. Овој вид на туризам сега е четвртиот најголем сегмент од целокупната велнес индустрија. Пред […]

ЗГОЛЕМЕНО НИВОТО НА МОРЕТО, глечерите изгубија над 6,500 милијарди тони мраз

Глечерите загубиле вкупно 6,542 милијарди тони мраз помеѓу 2000 и 2023 година, што придонело за зголемување на нивото на морето за 18 милиметри, покажува ново истражување објавено во списанието Нејчр (Nature), пренесува ДПА. Според анализата во рамки на проектот Glacier Mass Balance Intercomparison Exercise (Glambie), глечерите годишно губеле во просек по 273 милијарди тони мраз. […]

Агелер: Вашингтон не дава гаранции за вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата

Вашингтон не дава гаранции за вашиот пат кон Европската Унија, бидејќи ние не сме членка на Унијата, порача денеска во Скопје американската амбасадорка Анџела Агелер. – Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ, но мило ми е што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се во Вашингтон. […]

Штип ќе постави 200 камери на улиците, булеварите, игралиштата…

Во тек е постапка за поставување на 200 камери на штипските улици и булевари, како и на игралиштата и околу градинките и училиштата најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Средствата за видео надзорот се обезбедени од општинскиот буџет. Штипјани изминатите години се сведоци на вандализам, односно на искршени клупи, детски реквизити, урбана опрема […]

Пласидо Доминго на 14 март во арената „Борис Трајковски“

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго на 14 март 2025 година ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија. Директорот на Македонската опера и балет […]

ТРГОВЦИТЕ СЕ „СЕРИОЗНО ЗАГРИЖЕНИ“ ОД ДОЛЖИНАТА НА ЛИСТАТА НА ПРОИЗВОДИ СО ОГРАНИЧЕНА МАРЖА

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение изразува сериозна загриженост за вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши […]

„ТЕРНА“ ПОЧНА СО ПОДГОТВИТЕЛНИ РАБОТИ ЗА ГРЧКИОТ ДЕЛ НА ИНТЕРКОНЕКТОРОТ, финализација на проектот поместена поради доцнењето од македонска страна

Компанијата „Терна“ ги започна прелиминарните работи за грчкиот дел од интерконекторот за природен гас што ќе ги поврзе Грција и Северна Македонија, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина, извори од грчката компанија. Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше избрана за изведувач на грчкиот дел на интерконекторот, при што го презеде деталниот проект, набавката на […]

ЕК промовира амбициозна Визија за иднината на земјоделството и храната

Европската комисија денеска претстави амбициозен патоказ за иднината на земјоделското и прехранбеното производство во Европа, наречен Визија за земјоделството и храната, чиј цел е да постави основа за изградба на атрактивен, конкурентен, издржлив и праведен земјоделско-прехранбен систем за потребите на сегашните и идните генерации земјоделци. При презентацијата на Визијата, извршниот потпретседател на Европската комисија за […]