ЕВРОПА „СТАРЕЕ“, НАЈМНОГУ ОСТАРЕЛО НАСЕЛЕНИЕТО ВО ДВЕ МЕДИТЕРАНСКИ ЗЕМЈИ

Демографските промени укажуваат на растечки тренд на стареење на населението во Европската Унија, просечната возраст е зголемена за повеќе од две години од 2014 година. Грција и Италија се меѓу најбрзо старечките општества, покажува истражувањето на Евростат. Просечната возраст на населението во Европската Унија достигна 44,7 години на 1 јануари 2024 година. Тоа значи дека […]

ДЕНОВИ СО СТУДЕНИ УТРА ДО -10 СТЕПЕНИ

Времето утрово ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 […]

ОПШТИНА ОХРИД КРЕИРАШЕ НОВА ВЕБ-СТРАНА ЗА ТУРИСТИЧКА ПРОМОЦИЈА

Општина Охрид креираше нова веб-страница www.visitohrid.com.mk осмислена како начин за промовирање на туризмот и угостителството во градот и регионот. Од Општината упатуват повик до сопствениците на хотели, апартмани, приватни сместувачки капацитети, ресторани и винарии да се регистрираат и да ги презентираат своите бизниси пред пошироката публика. Посочуваат дека со регистрирање на платформата ќе се зголеми […]

Нови 2.726 случаи на заболени од грип

Регистрирани за 2.726 нови случаи на заболени од грип што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела. Најголем број заболени има во Скопје, односно 616 лица. Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова денеска во изјава за медиумите препорача граѓаните да избегнуваат собири, да се проветруваат просториите и да се следат […]

ОДЛОЖЕНИ НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ

Имплементацијата на новиот систем за влез во земјите од Европската Унија, ЕТИАС, повторно е одложена. „Земјите-членки, EU-LISA и Комисијата направија значителни напори да го започнат системот за влез/излез (ЕЕС) пред крајот на 2024 година. Сепак, имплементацијата на таков голем ИТ систем е сложена операција и одложувањата не можат целосно да се исклучат“, изјавија од Европската […]

Поведена прекршочна постапка за ланци маркети кои се договарале за цени, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата

Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите надлежности пропишани во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи изврши ненајавен увид во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која се здружени истите. – Увидот е […]

ТРГОВЦИТЕ СЕ „ЗАГРИЖЕНИ“ ОД ДЕНЕСКА „ПОЕВТИНУВААТ“ НАД 1000 ПРОИЗВОДИ ВО МАРКЕТИТЕ,

Одлуките на Владата за ограничување на бруто профитната маржа и за замрзнување на дел од цените на прехранбените производи се објавени во „Службен весник“ со што од денеска се очекува поевтинување на повеќе од 1000 производи. Одлуките беа донесени на седница на Влада во вторникот, а ќе траат до 30 април. Опфатени се производи од […]

Анатол Кутревски во „Бизнис-клуб“: „Дипломираниот студент не треба да има енциклопедиско знаење, туку критички да размислува и да донесува одлуки“

Гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во најновото тринаесетто издание на поткастот „Бизнис-клуб“ е Анатол Кутревски, втор извршен директор на „Пекабеско“ АД Скопје, кој зборува за недостигот од работна сила како сериозен проблем со кој се соочува македонската економија и за инвестициите во автоматизација во семејната фирма за да се ублажи проблемот со […]

ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ПРЕТРПИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, ќе настане реорганизација и наместо Агенција за квалитет во високото образование ќе има Одбор за акредитација и евалуација, кој ќе биде со сосема поинакви правила и принципи, посочи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. – Тоа сигурно ќе придонесе за зголемување на квалитетот на образованието. […]

ПАТНИЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ТРОШАТ НА ВЕЛНЕС ТУРИЗМОТ

Глобалната велнес туристичка индустрија продолжува да расте со многу брзо темпо. Се предвидува дека ќе вреди околу 1,35 милијарди долари до 2028 година, според податоците на Статиста. Во 2022 година вредноста на глобалниот велнес туризам изнесувала повеќе од 637 милијарди долари. Овој вид на туризам сега е четвртиот најголем сегмент од целокупната велнес индустрија. Пред […]