ЗА ВИКЕНДОТ МНОГУ СТУДЕНО СО МИНУСНИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Утрото денеска е ведро и многу студено, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Според прогнозата на УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната […]

Под истрага на СПАК се поранешни министри, градоначалници, бизнисмени

Според Албанското специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), само во текот на 2024 година, почната е истрага против 629 лица. Меѓу нив се поранешни министри, градоначалници, бизнисмени. Од нив, 236 лица или 37,5 отсто биле истражувани со изречена безбедносна мерка „затворски притвор“, на слобода се истражени 246 лица или 39,1 отсто, додека со […]

Предупредување за опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници

Одделот за здравство на Африканска Унија (АУ) предупреди на ризикот од ширење на епидемијата на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго, бидејќи конфликтот во источниот дел од земјата ги принудува заразените пациенти да бегаат. АУ наведува дека повеќе од 400 пациенти избегале од центрите за третман на мајмунски сипаници во Јужен Киву и оти не […]

Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан. Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно […]

Двојно e зголемен криминалитетот од малолетни лица во Кочани

Вкупно 51 кривично дело извршиле малолетни лица во Кочани во текот на 2024 година, што претставува зголемување од 104 отсто, односно двојно повеќе во споредба со претходниот едногодишен период. Податоците од Одделението за внатрешни работи во Кочани укажуваат дека околу 82 отсто од кривичните дела што ги извршиле деца и постари малолетници се тешки кражби […]

Дел од општина Карпош утре без вода

Поради промена на затворач со пречник од 50 милиметри на улицата „Радика“ број 1, утре од 8:00 часот вода без вода ќе останат корисниците од оваа улица во општина Карпош. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП Водовод и канализација […]

Германија инвестира 920 милиони евра во фабрика за чипови

Европската комисија и одобри на Германија да ја субвенционира изградбата на нова фабрика за чипови во Дрезден со 920 милиони евра, која е во сопственост на компанијата Infineon. Новата производна единица ќе и обезбеди на Европската Унија флексибилни капацитети, а со тоа ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето, еластичноста и технолошката автономија на Европа во […]

НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ НА 20 ДЕНАРИ, бараат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери

Цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50 проценти да се намалат заштитните средства зашто се меѓу најскапите во регионот, бараат од Асоцијацијата на земјоделци и фармери. При ниска цена на пченицата од 9 до 11 денари, висока е цената на лебот од […]

По 12-годишна пауза ќе се одржи скијачкиот Шарпланински куп

Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари. – Со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. […]

Избрани најуспешните ученици за творби на мајчин јазик

Ученици од шесто до деветто одделение кои имале најдобри прозни или поетски творби на мајчин јазик, на повикот на Министерството за односи меѓу заедниците (МОЗ), денеска во неговите простории добија пригодни награди на настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Настанот беше организиран во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на […]