Посебен режим на сообраќај во Скопје

Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по […]
ОД УТРЕ ПОЧНУВА СНИМАЊЕТО СО КАМЕРИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од утре стартува санкционирањето преку проектот „Безбеден град“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци – непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило […]
НОВ БРОЈ | Економија и бизнис | 01 февруари 2026г

Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, и бесплатна достава, кликнете ТУКА.
ЌЕ СЕ ОБНОВУВА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ВРСКА СОФИЈА-СОЛУН, Бугарија, Романија и Грција го зајакнуваат транспортниот железнички коридор Букурешт-Софија-Солун

Бугарија, Романија и Грција заеднички ќе побараат средства од Европската Унија за модернизација на железничката линија Букурешт-Софија-Солун, објави денес министерот за транспорт на Бугарија Гроздан Караџов по состанокот на претставниците на трите земји и Европската комисија во Софија. Караџов претседаваше со првиот работен состанок на комисијата за коридорот Црно Море-Егеј. „По десетгодишна пауза, почнувајќи од […]
НЕВРАБОТЕНИТЕ ГЕРМАНЦИ ПОТЕШКО ДОАЃААТ ДО РАБОТНИ МЕСТА, НЕВРАБОТЕНОСТА ВО ГЕРМАНИЈА НАДМИНА НАД ТРИ МИЛИОНИ ЛИЦА

Бројот на невработени во Германија надмина три милиони во јануари, според податоците на Федералната агенција за вработување. Овој месец, 3,085 милиони луѓе биле невработени, што е за 177.000 повеќе отколку во декември 2025 година, а исто така и за 92.000 повеќе отколку во јануари минатата година. Ова е најголем број невработени во јануари од 2014 […]
ТУРЦИЈА ОСТВАРИ ИСТОРИСКИ РЕКОРД ВО ТУРИЗМОТ ЗА 2025 ГОДИНА

Турција ги објави резултатите од туризмот за 2025 година, кои покажуваат дека земјата била домаќин на 64 милиони туристи и заработила 65 милијарди долари. Ова претставува историски рекорд, изјави министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, на прес-конференција одржана во Истанбул. Наведувајќи дека Турција била посетена од 64 милиони туристи во 2025 […]
ВО ДАНСКА ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ НА 70 ГОДИНИ!

Данска одлучи дека нејзините граѓани ќе можат да се пензионираат на 70 години, додека работниците во другите земји од ЕУ сè уште можат да се пензионираат на 60 години. Но во повеќе европски земји постепено ќе се зголемува возрасната граница за пензионирање. Секој роден по 31 декември 1970 година ќе може да се пензионира само […]
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,04 п.п., при што во декември таа изнесува 2,21%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,54 п.п. и изнесува 4,76%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2025/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2025_dekemvri_mk.pdf
Турбулентните берзански години се идеална можност за остварување натпросечни добивки

Инвестирањето во акции е еден од најефикасните механизми за зачувување на вредноста на парите, за победа над инфлацијата и за мултиплицирање на финансискиот имот дури и во променливи економски околности, порача Коста Костадиновски, овластен инвестициски советник од Капитал ассет менаџмент на традиционалната Годишна инвеститорска средба, која се одржа оваа седмица во просториите на Стопанската комора […]
НЛБ Банка Скопје со силни финансиски резултати за 2025 година
Раст, иновации, стратешка трансформација и лидерство

НЛБ Банка успешно ја заврши 2025 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година. Работејќи согласно усвоениот план и стратешките иницијативи од „Стратегијата 2030“, во услови на променливо макроекономско опкружување на домашниот и меѓународните пазари, НЛБ Банка покажа посветеност кон иновации и трансформација и забележа раст во сите […]