НОВА ЛИНИЈА АМСТЕРДАМ – СКОПЈЕ

По 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам. Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје. Во четврток, авионите на […]

НАЈМНОГУ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ЗА СТРУЧЊАЦИ И НАУЧНИЦИ!

Бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9 562, а најголем број, 2 149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници, објави денеска Државниот завод за статистика. Следуваат групите Работници во услужни дејности и продажба со 2 074 слободни работни места, Елементарни занимања,1 638, Занимања за неиндустриски начин на работа […]

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од поноќ се намалуваат за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 77,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се […]

ОКТА со позитивни резултати во работењето

Иако годишните приходи и ЕБИТДА забележаа пад во 2024 година, поради флуктуации во цените и зголемената конкуренција, еднократни фактори предизвикаа зголемена добивка пред оданочување Покрај тековните предизвици предизвикани од глобалната енергетска криза во последниве години, ОКТА остана носечки столб во снабдувањето со деривати на земјата, но и во регионот. Компанијата се придржуваше кон ригорозни стандарди […]

ВО БУЏЕТОТ НА ЦРНА ГОРА СОБРАНИ 300.000 ЕВРА ОД ПРОДАЖБА НА ЌЕСИЊА

Повеќе од 300.000 евра екотакси стигнале во државната каса на Црна Гора од октомври до крајот на февруари од продажбата на над десет милиони продадени најлонски кесиња во продавниците, соопштија од Агенцијата за заштита на животната средина на ЦГ. Веќе пет месеци е на сила Законот за управување со отпад во Црна Гора, според кој […]

ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ГЛАВНА ПРЕЧКА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ГЕРМАНИЈА

Високите цени се главната причина зошто германските потрошувачи се двоумат да се префрлат на електрични возила, покажува најновото истражување нарачано од ДПА. Студијата спроведена од истражувачкиот институт YouGov покажа дека 47 отсто од испитаниците ги навеле прекумерните трошоци како главна пречка за купување на електрични возила. Други главни фактори го вклучуваат ограничениот опсег на возила […]

Шест медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат во Будва

По еден златен и бронзен, како и четири сребрени медали, освоија членовите на македонската карате-репрезентација од клубот „Макпетрол“ на Балканското првенство во Будва. Со одличја во поединечна конкуренција се закитија Јована Мицовска (-61 кг., злато), Викторија Јовановска (-61 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.) и Стефан Стојановиќ (+84 кг.), сите сребро. Јовановска и Мојсовска добија исти […]

Странски експерти со проценки за изградба на гондола на Пелистер

Претставници на компанија од Словенија со стручни лица од Франција и Србија извршија увид на теренот за изградба на гондола на планината Баба на врвот Пелистер. Проектот за изработка на физибилити студија за гондола го анализираа експерти од оваа област кои имаат искуство во изградбата на гондоли и жичарници во Европа. – Гостите од стрнаство […]

Се зголемува бројот на млади жени кои се соочуваат со рак на дојка

Се зголемува бројот на млади жени под 30 години кои се соочуваат со рак на дојка, што ја нагласува важноста на едукацијата и подигнувањето на свеста за оваа болест. Ова беше истакнато на денешната трибина што се одржа во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, прва од серијата настани што Здружението „Хемо Онко“ ги организира […]

Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Анора”

Американската Академија за филмски уметности и науки утрово ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Анора” (Anora) триумфираше со пет освоени одличија, од вкупно шест номинации. Емисијата ја водеше Конан О’Брајен. На годинашното, 97-то доделување „Оскари“, независниот филм „Анора” ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна […]