ПРОИЗВОДСТВОТО НА МЛЕКО ВО ЕУ СЕ НАМАЛУВА ПОРАДИ НЕКОЛКУ ФАКТОРИ

Производството на млеко во Европската Унија во 2025 година се предвидува да се намалува поради неколку фактори, вклучувајќи го и намалениот број на крави, еколошките регулативи, ниските приходи на фармерите и појавата на болести. Според извештајот на Глобалната земјоделска информативна мрежа (GAIN), помалото производство делумно ќе биде компензирано со намалената потрошувачка на свежо млеко. Производството […]

ЛАНСИРАН НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА ИЗВОЗ НА КОМОРАТА

Стопанската комора на Северна Македонија веќе подолг период работи на градење на нов концепт за извоз кој треба да обезбеди институционална рамка за поддршка на извозните компании и за унапредување на извозот. Целиот прилог можете да го прочитате на следиот ЛИНК

Намалена цената на свинско месо жива мера

Во рок од два месеца одгледувачите на свињи трипати ја намалија цената на свинското месо жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека во моментов цената на свинското месо жива мера изнесува 110 денари и со ДДВ е и до 118 денари. Тој посочува дека поголемите производители на свинско месо се договориле […]

Фон дер Лајен: Да и помогнеме на челичната индустрија на ЕУ да се декарбонизира

Европската Унија ги здружува силите за да создаде силен деловен амбиент за челикот произведен во Европа, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во воведното обраќање на Стратешкиот дијалог за иднината на европскиот сектор за производство на челик. – Нашата Европска Унија е изградена на Заедницата на јаглен и челик. Челикот е […]

Невработеноста во Грција на најниско ниво од декември 2008 година

Според официјалните податоци на Службата за статистика, невработеноста во јануари 2025 година е намалена на 8,7 отсто, односно за три процентни поени пониска од минатата година, достигнувајќи најниско ниво од декември 2008 година, напиша на Фејсбук грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека бројот на невработени се намалил на […]

ВО ЕУ ОСТВАРЕНИ ТРИ МИЛИЈАРДИ ТУРИСТИЧКИ НОЌЕВАЊА

Најдобра туристичка година во историјата на Европската Унија е 2024 година, кога се забележани повеќе од три милијарди ноќевања во туристичко сместувачки капацитети, објави денеска Евростат. Заводот за статистика на ЕУ забележува дека споменатиот број на ноќевања претставува зголемување во споредба со 2023 година од 2,2 отсто или 65,4 милиони ноќевања. Податоците покажуваат значително зголемување […]

ПАД НА БЕРЗИТЕ ПО ОТВОРАЊЕ НА ЦАРИНСКАТА ВОЈНА ОД САД

Берзанските индекси на тргувањето на Волстрит, во понеделникот остро паднаа бидејќи инвеститорите стравуваа од трговска војна, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за Канада и Мексико. Индексот Dow Jones падна за 1,48 отсто, на 43.191 поени, додека S&P 500 се намали за 1,76 отсто, на 5.849 поени, а индексот Nasdaq за […]

ШПАРКАСЕ БАНКА НАЈАВУВА НОВА ПОВОЛНОСТ ЗА СИТЕ VIBE ON КОРИСНИЦИ – ПЛАТФОРМА ЗА КАРИЕРЕН РАСТ ЗА МЛАДИ НАРЕЧЕНА VIBE UP

Шпаркасе Банка АД Скопје со гордост го најавува лансирањето на Vibe Up – првата едукативна платформа за кариерен раст во Македонија.Оваа платформа е дизајнирана да ја зголеми вработливоста на младите во земјата, обезбедувајќи им релевантни вештини и алатки и знаење, кои ќе ги издвојат на конкурентниот пазар на труд. Нејзината мисија е да ги инспирира […]

ГЛОБАЛНАТА ЗАДОЛЖЕНОСТ РАСТЕ, СЕРВИСИРАЊЕТО НА ДОЛГОВИТЕ СТАНУВА ПОСКАПО

Глобалното задолжување на владите во светот годинава ќе достигнат рекордни 12.300 милијарди долари, поради растот на трошоците за одбрана, зголемувањето на јавната потрошувачка во повеќето економии и повисоките каматни стапки. Според проценките на агенцијата S&P Global Ratings, вкупната задолженост на државите во светот ќе се зголемат за три отсто и ќе достигне 76.900 милијарди долари. […]

Триглав Осигурување донира опрема на Специјална Олимпијада за учество на Зимските олимписки игри во Торино, Италија

Триглав Осигурување со задоволство ги поддржа атлетите на Специјалната олимпијада, кои ќе учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри во Торино, Италија, со донација на неопходна спортска опрема и осигурување. Оваа соработка ја потврдува нашата континуирана посветеност на промовирањето на инклузијата, како и поддршката на здравиот начин на живот и на спортот, како трансформирачка алатка за […]