РАСТ НА ПРОИЗВОДНИТЕ ЦЕНИ ВО ЕУ, НАЈВИСОК РАСТ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР
Цените на производителите во еврозоната и индустријата на Европската Унија пораснале за 0,8 отсто во јануари во споредба со декември, кога во еврозоната се зголемени за 0,5 отсто и во ЕУ за 0,4 отсто, објави Европскиот завод за статистика. Најголем раст повторно е забележан во енергетскиот сектор, каде цените скокнале за 1,7 отсто во еврозоната […]
АВТОБУСИТЕ НА ВОДОРОД И НА БАТЕРИИ ДОМИНИРААТ ВО ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ ВО ЕУ
Речиси половина од сите нови градски автобуси во Европската Унија (или 49 отсто) се без емисија на штетни гасови во 2024 година, што ги прави градските автобуси еден од првите успешни примери во рамките на Европскиот зелен договор. Според анализата на Транспорт и животна средина (T&E), минатата година автобусите со водородни горивни ќелии учествуваат со […]
Мексико нема да плаќа царини за стоки опфатени со договорот УСМЦА до 2 април
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Мексико нема да мора да плаќа царини за која било стока опфатена со трговскиот договор меѓу САД и Мексико и Канада (УСМЦА) до 2 април. – По разговорот со мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, се согласив дека Мексико нема да мора да плаќа царини за ништо што спаѓа во […]
Министерството за финансии да ги отвори вратите за студентите од Економскиот факултет, потпишан меморандум за соработка
Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата. Ова го предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески во просториите на факултетот. […]
УЈП СО ОБЈАСНУВАЊЕ КОЛКУ РАБОТНИЦИ НЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА ВО ЈАНУАРИ
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска преку соопштение информира дека транспарентно и точно ги доставува податоците за пресметки за плата (МПИН) за јануари 2025 година и споредбените податоци за јануари 2024 година. Според нив, не е точно дека се уште над 80 000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година. – За јануари 2025 […]
ЕЦБ ПОД ПРИТИСОК ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА ЕВРОПА
Европската централна банка (ЕЦБ) е под притисок преку монетарни мерки да ја заживее стагнантната економска динамика во Европа, па можно е на денешниот состанок да ја намали каматната стапка за 0,25 отсто. Но не е сигурно дали ќе биде донесена ваква одлука, која беше речиси извесна до пред недела-две. ЕЦБ планира дополнително да ги намали […]
Димитриеска-Кочоска: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра за поддршка на домашните компании, компаниите ги препознаваат поволностите за реализација на своите инвестиции
Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се […]
Турската централна банка ја намалува основната каматна стапка
Турската централна банка денеска ја намали својата каматна стапка за дополнителни 2,5 процентни поени, неколку дена откако официјалните податоци покажаа забавување на инфлацијата на под 40 отсто на годишно ниво за првпат во две години. Ова е трето последователно намалување на каматните стапки. Во соопштението, Банката наведува дека, сепак, ќе ги разгледа трендовите на инфлацијата […]
Советот на јавните обвинители утре ќе избира 47 обвинители
Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи утре со почеток во 10:30 часот. Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје. Во Основните јавни обвинителства […]
ФИТР со повик за доделување награди до 8.000 евра за младите истражувачи
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави повик „Натпревар за успешни иницијативи од Западен Балкан“ на кој вкупно 18.000 евра ќе се доделат како признание на шест иницијативи кои ги поттикнуваат младите да истражуваат и создаваат иновации. Наградите ФИТР ги организира во рамки на европскиот проект POLICY ANSWERS, во кој Фондот ја доби главната […]