Приградските населби мака мачат со јавниот превоз
Покрај јавниот превоз во централното градско подрачје, Јавното сообраќајно претпријатие треба да ги опслужува и приградските населби кои гравитираат околу Скопје. Според информациите објавени на веб страницата на Јавното сообраќајно претпријатие, јавен превоз има до селата Рашче, Визбегово, Долно Лисиче, Љубен, Трубарево, Љубанци, Љуботен, Студеничани, Моране, Ржаничино, Катлановска Бања, Колонија Идризово, Арачиново, Брњарци, Орланци, Грушино, […]
Трансплантација на бубрег чекаат околу 160 пациенти
Трансплантација на бубрег чекаат околу 160 пациенти во државата. Во моментов на дијализа одат 1.657 пациенти во 23 центри за дијализа, распоредени низ 17 градови. Најмладиот пациент на дијализа имал само четири години и тој, за среќа, сега веќе е трансплантиран. Најмладиот пациент кој посетува центар за дијализа има 13 години. Од Здружението на бубрежно […]
Лекарска комора: Во 2024 пријавени четири напади врз здравствени работници
На 12 март – Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници, Лекарската комора како и докторските комори ширум Европа, повикуваат на итна акција за справување со насилство со што се соочуваат здравствените професионалци и е присутно во здравствените установи, се наведува во денешното соопштение на Комората. – Во изминатата […]
ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА ОСВОЕНИ МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНИ НАУЧНИ ОЛИМПИЈАДИ
Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата во учебната 2024/2025 година. На Јавниот повик може да се пријави ученик запишан во средно […]
Отворена изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“
Во објектот Чифте амам е отворена изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ која претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за колекцијата, вклучително и вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на Галеријата. – Овој […]
ПО ЖЕЛБАТА НА ТРАМП ГРЕНЛАНД СТАНУВА ПОСАКУВАНА ДЕСТИНАЦИЈА И ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ТУРИСТИ!
Откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази интерес за купување на Гренланд од Данска, целото внимание беше насочено кон најголемиот остров на светот. Овој живописен остров на Арктикот, со население од речиси 57.000 жители, веќе беше популарна дестинација за индустријата за крстарење, а многу бродови избираа градови на Гренланд како пристаништа. Гренланд стана популарна туристичка дестинација […]
Родители од Битола утре ќе разговараат за врсничко насилство на работилницата на „Макпетрол“
Во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола утре (12 март) ќе се одржи работилница за врсничко насилство наменета за родители. Организирана од „Макпетрол“, едукативната средба ќе почне во 18 часот. Таа е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Работилницата ќе опфати повеќе аспекти на проблемот со врсничкото насилство кои […]
Акција на Општина Битола за отстранување на кабаст и градежен отпад
Општина Битола во периодот од 15 до 20 март ќе го реализира вториот дел од акцијата „Заедно средуваме – заедно уредуваме“ во која низ градот ќе се врши отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина. Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина […]
Приведено лице од штипско, управувал возило со брзина од 151 км/h
Полицијата вчера на експресниот пат Штип-Кочани уапсила едно лице откако со радар утврдила дека управувал со возилото со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. – На експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип вчера го лишиле од слобода […]
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
Собранието на денешната седница со 73 гласа изгласа недоверба на членот на Судскиот Совет Тања Чачарова Илиевска. Со 75 гласа пак, Собранието изгласа недоверба и на членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа. Со ова заврши денешната собраниска седница на која претходно им беше изгласана недоверба и на Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева. Изгласувањето […]