Здравеска: Автоматизацијата и дигитализацијата стануваат императив за зголемување на продуктивноста и на конкурентноста на компаниите

Катерина Здравеска, управител на Каз Груп Скопје, член на УО на Здружението на метална и електроиндустрија Металната индустрија денес се соочува со значителни промени, обликувани од динамични економски услови, нестабилност во цените на суровините и зголемените барања за одржливост. Секако, и ние како КАЗ Груп не сме имуни на овие предизвици, но остануваме посветени на […]

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско, оваа информација ја потврди за МИА, Драганчо Николов, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, подрачна единица во Кавадарци. – Само што бевме на терен како претставници на Агенцијата, после ниските температури во раните утрински часови, што го зафатија Росоманско. Според информациите со […]

ВО ХРВАТСКА РЕАЛЕН РАСТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ЗА ОСУМ ОТСТО

Просечната јануарска нето плата во Хрватска изнесувала 1.392 евра, што е номинално повисока за 2,3 отсто, а реално за 2,2 отсто во однос на декември минатата година, објави денеска хрватскиот Централен завод за статистика. На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 12,3 отсто, а реално за осум отсто, во однос на […]

„Дојче банк“ планира да отпушти две илјади вработени и да ја намали мрежата на филијали

Германската банка „Дојче банк“ планира да отпушти околу 2.000 вработени годинава во рамки на својата стратегија за намалување на трошоците, пренесе ДПА. Банката, исто така, планира дополнително да ја намали мрежата на филијали, потег што го следи трендот на намалување во последните години. Говорејќи на конференција организирана од американската банка „Морган Стенли“, извршниот директор Кристијан […]

Пад на заболени од грип во државава

Во текот на 11. недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.370 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 41,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 11. недела од минатата сезона е зголемен за 5,4 пати. […]

WMO: Највисоко ниво на концентрација на јаглерод диоксид, од 2015 до 2024 година беа најтоплите години во историјата

Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата е на највисоко ниво во последните 800.000 години и продолжува да расте, што е главната причина за рекордното глобално затоплување, објави денеска Светската метеоролошка организација (WMO). Во извештајот за состојбата на глобалната клима се наведува дека во 2023 година, последната година за која се достапни сигурни податоци, концентрацијата на […]

Седум полициски службеници од Кочани и Штип осомничени за тешки дела против општата сигурност, доставен предлог за притвор

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници. Според дејствијата опишани во наредбата, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело […]

Регистриран земјотрес во Струмичко

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес […]

Инфлацијата во Бугарија највисока во последните 14 месеци

Годишната стапка на инфлација во Бугарија се зголеми на четири отсто во февруари од 3,7 отсто во јануари и сега е највисока во последните 14 месеци, објави бугарскиот национален институт за статистика (НСИ). Цените на храната и безалкохолните пијалоци скокнаа од 4,4 отсто во јануари на 4,6 отсто на годишно ниво, како и цените на […]

ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА ДОСТАПНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАШТЕДА ОД 45 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Европскиот акционен план за достапна енергија ќе донесе заштеда од 45 милијарди евра во првата година од спроведувањето, додека до 2040 година таа сума ќе достигне дури 260 милијарди, изјави европскиот комесар за енергетика и домување Ден Јоргенсен. – Ова ќе му овозможи на просечното европско семејство да заштеди над 200 евра годишно, рече Јоргенсен […]