САД ГИ ВРАТИ 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД ПРОДАЖБАТА НА НАФТА ОД ВЕНЕЦУЕЛА

Администрацијата на САД им ги врати на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта што беше дел од договорот постигнат меѓу Каракас и Вашингтон минатиот месец, изјави американски функционер. Последните 200 милиони долари од продажбата се испратени во Венецуела, изјави функционерот, кој побара анонимност. Договорот дојде откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро […]

Грантови од 5 000 до 300 000 евра за зелена трансформација на компаниите

Грантови од 5 000 до 300 000 евра за зелена трансформација на компаниите, предвидува проектот што во следните четири години ќе го спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА). Проектот „тежок“ 25 милиони евра, ќе се спроведува во периодот 2026 – 2030 година и со него се очекува да бидат поддржани најмалку 300 […]

Скопските занаетчии се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси. – […]

Потребни се околу две години за конечна одлука за престојот на професионални возачи од Западен Балкан во земјите од ЕУ, тврдат од Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“

Од 1,5 до две години ќе бидат потребни за да се донесе конечна одлука во врска со должината на престојот на професионалните возачи од земјите од Западен Балкан во 29 европски земји, изјави денеска претседателот на Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“ Неџо Мандиќ. Тој за Бета изјави дека е задоволен од досегашниот тек на разговорите со […]

Грчки компании издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра

Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале во организирани мрежи за фиктивни трансакции со вкупна вредност од 718.128.098,16 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ААДЕ, со фиктивните фактури, конкретните компании не платиле ДДВ во вкупен износ од […]

„Печатниците“ за лажни евра во Романија го полнат Балканот

Најголемите количини на фалсификувани пари што стигнуваат до Балканот и земјите од Европската Унија доаѓаат од нелегални фабрики лоцирани на територијата на Романија, а криминалните групи вклучени во нивната понатамошна дистрибуција стекнуваат фалсификати по цена што е само дваесет проценти од вредноста на оригиналните пари. Така, на пример, 200.000 евра се плаќаат за еден милион […]

Трамп стави крај на блокадата за финансирање на федералната влада

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша пакет-закони за финансирање на федералната влада, со што се става крај на кратката блокада на владата што започна во саботата, објави синоќа Ен-Би-Си. Претставничкиот дом на САД претходно гласаше на двопартиско гласање за одобрување на пакетот за финансирање на владата, со 217 гласови „за“ и 214 „против“. Предложениот пакет […]

Во Албанија лани приходите од изнајмување на запленет и конфискуван имот достигнале над 2,2 милиони евра

Агенцијата за управување со запленет и конфискуван имот на Албанија објави дека приходите од изнајмување на запленет и конфискуван имот минатата година надминале 2,2 милиони евра што е повисок износ за 39 отсто споредено со 2024 година. „Годишниот приход од кирија достигна околу 221,5 милиони леки (над 2.260.000 евра) во 2025 година, во споредба со […]

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде беше централното чествување по повод 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Порача уште еднаш да се потсетиме на неговиот лик и дело, да го чествуваме, да се сеќаваме и тоа, како што рече, нека ни биде пример […]

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи. Од Министерството за образование и наука велат дека во петокот (30 јанаури) завршил рокот за аплицирање на тендерот за нови проекти за градба, кој МОН […]