ШТО ГО ПРЕДИЗВИКА ПОМОРОТ НА ПЧЕЛИ ВО СРБИЈА?

Годинава бројот на угинати пчели е значително поголем од очекуваното, предупредуваат пчеларите во Србија. Според нивните податоци, во Србија има околу 1,6 милиони пчеларници и околу 20.000 регистрирани пчелари. Сушата во јули и август 2024 година ги остави пчелите без доволно полен, нивниот единствен извор на протеини. Поради недоволна храна, некои пчели умреле предвреме, а […]

Регионалниот фонд за предизвици го објавува четвртиот повик за пријавување — Финансиска поддршка за зајакнување на вештините и зголемување на конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан

Се повикуваат установите за стручно образование и обука и претпријатијата од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија да се пријават до 6 јуни, 2025 година Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) официјално го објави четвртиот повик за изразување интерес, повикувајќи конзорциуми составени од установи за стручно образование и обука и претпријатија […]

Емисионите вредности од Макстил во првиот квартал се исклучително ниски

Вредностите на емисиите на цврсти честички од Макстил во првиот квартал од 2025 година покажуваат минимални вредности кои и во двете мерни точки се на скалата под еден, во однос на пропишаните европски гранични вредности кои изнесуваат 20, односно 30 милиграми на метар кубен. Овие резултати се директен показател на ефектот од континуираните инвестиции на […]

ТРГОВСКИОТ КОНФЛИКТ ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД НОВА РЕЦЕСИЈА, предупредува германскиот министер за финансии

Германскиот министер за финансии Јорг Кукис денеска предупреди дека Германија се соочува со ризик од нова рецесија поради трговските тензии што ескалираа по воведувањето на американските царини. – Евентуален трговски конфликт го зголемува ризикот од рецесија, нема сомнеж за тоа, изјави Кукис за радио станицата Deutschlandfunk. Германија веќе две години е во рецесија, а трето […]

УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март, од кои 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата. До крајниот законски рок – утре, четврток до полноќ, се очекува уште 5.000 даночни обврзници да поднесат пресметки за плата за месец […]

ЕЦБ ТРЕБА ДА ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ ПОРАДИ ТРГОВСКАТА ВОЈНА, препорачува гувернерот на Банката на Франција

Европската централна банка (ЕЦБ) треба да ги намали каматните стапки поради трговската војна што ја започна Вашингтон, изјави денеска гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Виероа де Гало. – Промените што се случија од 2 април укажуваат на потребата од побрзо намалување на каматната стапка во еврозоната, изјави тој за Монд. Еврото почна да зајакнува […]

“Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донира 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во болницата „Свети Еразмо“

“Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донираше 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Оваа значајна донација ќе придонесе за подобрување на просториите во кои се згрижуваат најмладите пациенти, со цел да се обезбеди поудобна и пријатна средина за нив и нивните семејства. Реновирањето опфаќа унапредување на […]

Барал 100.000, а примил 20 илјади евра, Обвинителство отвори истрага против директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ за примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за примање поткуп за болничко згрижување на лице. Првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, преку второосомничениот, негов човек од доверба, […]

МИНАТИОТ МЕСЕЦ Е НАЈТОПЛИОТ МАРТ ВО ЕВРОПА

Европа го доживеа најтоплиот март досега, бидејќи климатските промени продолжуваат да ги зголемуваат температурите, објавија денеска научниците од службата за климатски промени Коперник на Европската Унија. – Минатиот месец беше вториот најтопол март во историјата на планетата, бидејќи беше надминат дури до март 2024 година, пренесува Ројтерс. Минатата година беше најтопла на планетата во историјата […]

Samsung Electronics ја унапредува домашната забава со HDR10+ за Netflix серии и филмови

HDR10+ нуди поимерсивно искуство при гледање со живописни бои и подобрен контраст на паметните телевизори и монитори на Samsung Samsung Electronics објави дека нивните паметни телевизори и монитори сега ќе поддржуваат Netflix серии и филмови во HDR10+[1]. Со HDR10+, гледачите ќе можат да уживаат во побогат контраст, подлабоки бои и неверојатна визуелна длабочина, со што […]