ГОЛДМАН САКС ЈА НАМАЛИ ПРОГНОЗАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА КИНА

Инвестициската банка Голдман Сакс ја повлече својата најнова прогноза во која се вели дека има 65 проценти шанси Америка да влезе во рецесија оваа година. Банката сега се врати на претходната проценка и предвидува ризик од рецесија од 45 проценти. Голдман Сакс ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Кина на четири проценти во […]

Димитриеска-Кочоска: Ребаланс на буџетот ќе има летниот период

Ребаланс на буџетот ќе има и очекувано е тоа дека ќе се случи, но очекувам да биде во летниот период. Сега ќе имаме мини прераспределба, откако ќе заврши јавниот повик за општините, а прераспределбата што ја планираме е бидејќи не можевме однапред да ги предвидиме парите во кое Министерство да се доделат, вели министерката за […]

Штип продава десет парцели за градба на куќи за едно евро квадрат

Општина Штип објави продажба на десет градежни парцели за изградба на куќи во населбата Три Чешми. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова на денешната прес-конференција изјави дека на системот градежно земјиште веќе е објавена продажбата на новите десет парцели за индивидуални куќи, со почетна цена од едно евро или 61 денар за метар квадратен. – […]

Одбројувањето започнува: На 12 април се одбележуваат 100 дена до стартот на ЕМОФ Скопје 2025

Во пресрет на најголемиот спортски настан во државата досега, во сабота во Ист Гејт Мол посетителите ќе имаат можност да учествуваат во различни спортски и забавни активности, вклучувајќи турнири во 3х3 баскет, натпревари во забивање и презентации поврзани со олимписките вредности и спортот.​ По успешното одржувањe на Chefs de Mission семинарот во хотелот „Холидеј Ин“ […]

Изложба на илустрации од доајенот Орде Манески во рамки на фестивалот „Литера“

Во рамки на претстојното издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе биде поставена ретроспективна изложба на илустрации на еден од доајените на македонската уметност, Орде Манески. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со богатото творештво на Манески и да ги погледнат препознатливите илустрации од голем број учебници, сликовници и […]

Кои се 24 имиња на листата за кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седницата ја заврши Проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 55/2025). Согласно гласањето на членовите на Комисијата, од пријавените 37 кандидати, поминаа 24, додека […]

Дел од онколошките пациенти повторно без терапија

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови, реагираат од Здружението Хема – Онко. Ана Марјановиќ од Здружението Хема – Онко истакна дека тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења се причина што […]

КОЈ ГРАД ИМА НАЈДОБАР ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СВЕТОТ?

Хонгконг се наоѓа на врвот на листата на градови со најдобар јавен превоз во светот. Негова конкуренција се некои азиски градови како Шангај и Пекинг, како и скандинавските земји и Швајцарија. Во Хонгконг системот за јавен превоз е добро развиен, има солидна инфраструктура и се карактеризира со пристапност и голема густина на станици. Хонгконшкото метро […]

Сиви китови угинуваат на брегот на Тихиот Океан

Најмалку 70 сиви китови угинале од почетокот на годината во плитките лагуни на полуостровот Долна Калифорнија во Мексико, каде што животните се собираат за да се парат и да се породат. Три сиви китови угинале во заливот Сан Франциско за време на нивната миграција кон север, а еден покажал знаци на неухранетост, пишува „Лос Анџелес […]

ТЕХНОЛОГИИТЕ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ЌЕ ТРОШАТ СТРУЈА КОЛКУ ЈАПОНИЈА!

Побарувачката за електрична енергија во центрите за обработка на податоци ширум светот ќе се зголеми повеќе од двојно до 2030 година на околу 945 терават-часови (TVh). За споредба, таквата потрошувачка е еквивалентна на вкупната потрошувачка на електрична енергија на цела Јапонија. Ова ќе доведе до драстичен раст на технологиите за вештачка интелигенција, чија потрошувачка на […]