Бројот на одобренија за градење во февруари намален за 29,7 отсто
Во февруари 2025 година се издадени 272 одобренија за градење, што е за 29,7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 901 041 илјада денари, што е за 44,4% помалку во однос на истиот […]
Просечната нето плата е повисока од потрошувачката кошничка во Србија
За покривање на новата просечна потрошувачка кошничка во Србија во јануари 2025 година, беше потребно помалку од една просечна плата (или 0,99 плата). Во декември, за прв пат во историјата на земјата, вредноста на просечната нето плата ја надмина вредноста на просечната потрошувачка кошничка, покажува најновото издание на билтенот за макроекономски анализи и трендови (MAT). […]
Рекордни вредности на златото и швајцарскиот франк
Цената на златото достигна нов рекорд во услови кога расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените „безбедни засолништа“. Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во […]
Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните компании
Министерството за финансии денеска од централниот Буџет ја исплати кон Развојната банка втората транша од средствата од унгарскиот заем наменети за поддршка на домашните компании. Како што информираа од Министерството за финансии, втората транша е во износ од 4,557 милијарди денари или 74 милиони евра, која се реализира врз основа на доставеното барање од страна […]
Лагард: ЕЦБ е подготвена да ги употреби своите инструменти за одржување на финансиската стабилност
Европската централна банка (ЕЦБ) е подготвена да ги употреби своите инструменти за одржување на финансиската стабилност во еврозоната и има долгогодишно искуство во развивање нови алатки кога е неопходно за справување со шоковите што се појавуваат, изјави денеска претседателката на финансиската институција Кристин Лагард. „Европската централна банка ја набљудува (ситуацијата) и секогаш е подготвена да […]
Дебата: Штетните наративи доминираат во јавноста, одговорноста е споделена
Доминираат штетните наративи во јавноста со кои се поткопува довербата во институциите и медиумите, се поттикнуваат поделби и се сее популизам, екстремен патриотизам и национализам. Се манипулира со јавното мислење преку изнесување лични дисквалификации, несоновани обвинувања за злоупотреби и корупции, дезинформации, теории на заговор, пристрасност, селективност, ширење паника, страв и несигурност. Политичарите и медиумите се […]
Во Белград се отвора Македонски културно-информативен центар
Со изложба и концерт вечерва во Белград ќе биде отворен за посетители Македонски културно-информативен центар, јави дописникот на МИА од Белград. На изложбата ќе бидат претставени дела на 24 уметници. „Овие автори одамна им се познати на љубителите на ликовната уметност. Тие се директна нишка или еден вид мост што ги поврзува српската и македонската […]
Спречен шверц на облека и обувки
Во реонот на државната граница кај скопското село Танушевци, од косовска и македонска страна на границата, вчера Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока. Како што соопштија денеска од МВР, […]
Најниската минимална плата во ЕУ е во Бугарија
Најниската минимална плата во јануари во Европската Унија е забележана во Бугарија од 551 евро, а највисоката во Луксембург од 2.638 евра, е заклучокот од истражувањето објавено денес од Евростат. Минималната плата на национално ниво е законски утврдена во 22 од 27-те земји на Европската Унија, со исклучоци како Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска. […]
Американските царини за Кина изнесуваат 145 отсто
Царините што САД во моментов ги применуваат за кинеските производи ќе изнесуваат вкупно 145 отсто, потврди Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера најави зголемување на тарифите на 125 отсто, но сега е појаснето дека оваа сума не ја вклучува веќе постоечката тарифа од 20 отсто. Ова значи дека вкупната стапка на давачки е значително […]