„Мал чекор кон исправување на лошата практика“, реакција на кинеската влада за американското ослободување од некои царини

Кинеската влада денеска оцени дека одлуката на САД да ги изземе паметните телефони, компјутерите и другите електронски производи од дополнителни царини е „мал чекор за корекција на лошите американски практики“. „Одлуката е мал чекор за САД да ја поправат својата лоша практика во врска со еднострано донесените реципрочни царини“, рече портпаролот на кинеското Министерство за […]

Бела куќа: Производството за полупроводници, смартфони и лаптопи набрзо ќе биде во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека САД не можат да се потпираат на Кина за производство на клучни технологии, како што се полуспроводници, чипови, паметни телефони и лаптопи, соопшти Белата куќа откако овие производи беа исклучени од повисоките царини. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, преку соопштение посочи дека Трамп обезбедил инвестиции […]

ВО ЦРНА ГОРА 6 МИЛИОНИ КВАДРАТНИ МЕТРИ СТАНБЕН ПРОСТОР НЕ СЕ КОРИСТИ!

Речиси 6 милиони квадратни метри станбен простор во Црна Гора не се користи за трајно домување. Од вкупно 392.910 станови, дури 89.080 се регистрирани како сезонски или се повремено искористени, со вкупна површина од 5,86 милиони квадратни метри. Покрај тоа, 71.200 станови се означени како привремено ненаселени или напуштени, што претставува речиси 5 милиони дополнителни […]

МНТ ја изведе претставата „12“ во Народно позориште во Сараево

Македонскиот народен театар (МНТ) вчеравечер, на сцената на Народно позориште во Сараево, ја изведе претставата „12“ – силна и провокативна адаптација инспирирана од „12 Angry Men“ на Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов. Публиката во Сараево имаше привилегија да ужива во изведбата на претставата од врвната актерска екипа составена од најзначајните имиња на македонската […]

Годинава ќе се консолидира конструкцијата на монументалниот иконостас во Прилеп

Конечно ќе се зацврсти носечката конструкција на монументалниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Стручњаците на Завод и музеј Прилеп ја прават неопходната стабилизација, а резбата ќе добие реконструкција и конзервација за да се зачува овој сакрален споменик на културата. Се смета за капитален проект кој годинава доби над 2 милиона денари. Директорка на Завод […]

Тура до Лешница на Шар Планина по повод 100 години планинарскиот клуб Љуботен

Над 250 планинари и рекреативци учествуваа на роденденската тура до месноста Лешница на Шар Планина која ја организираше Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по повод 100 години од неговото постоење. Планинарите, кои прво се собраа пред клупските простории, организирано со возила стигнаа до селото Бозовце од каде што тргнаа пеш до месноста Лешница. – Од […]

Приближно 3000 учеснички го истрчаа 13. издание на Авицена Женска трка

Најбрза на годинашното издание на трката беше Теа Божиновска од Атлетскиот клуб „Скопски маратон“, која прва ја помина целта со време од 10 минути и 29 секунди Денеска во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се одржа 13. издание на традиционалната Авицена Женска трка. Како и во изминатите […]

Мали приказни, ама голем ум даваат

ДОМАШНА РАБОТА Во едно од минатите изданија, читателите на овие страници имаа можност да го видат и да посведочат за пригодниот свечен постер „Зборуе Радио Скопје“ во авторство на Иван Ивановски со кој Канал 103 го одбележа големиот јубилеј „80 години Mакедонско радио“.На 1 март оваа година, во 20 часот на програмата на Македонското радио, […]

Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце-Елез Хан

Профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан, каде е изградена нова физичка и дигитална инфраструктура со која е воспоставен функционален систем кој овозможува само едно застанување и една пасошка контрола. Премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста по повод пуштањето во употреба на системот истакна дека осовременувањето на граничниот […]

Данска ја продолжи граничната контрола со Германија за уште шест месеци

Данска ја продолжува контролата на границата со Германија за дополнителни шест месеци бидејќи терористичката закана против Данска останува сериозна, соопшти доцна вчера данското Министерство за правда. Заканата потекнува од милитантните исламисти и е последица на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Министерството. -Терористичката закана против Данска е сериозна. Ова ми покажува дека мора да продолжиме внимателно […]