ТРАМП ЌЕ ГИ ПРОВЕРУВА ЦАРИНИТЕ И НА РЕТКИТЕ МЕТАЛИ ОД КИНА!
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди ревизија на потенцијалните нови царини за сите американски увозни клучни минерали, наведувајќи го „преголемото потпирање“ на Вашингтон на Кина за преработените верзии на минералите. Трамп потпиша налог со кој му се наредува на министерот за трговија Хауард Лутник да покрене истрага за националната безбедност според член 232 од Законот за […]
Европа бара сојузници за „новиот светски поредок“, најави Урсула фон дер Лајен претседателката на Европската комисија
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека се повеќе земји во светот сакаат да склучат трговски договори со ЕУ, наведувајќи дека ова е „позитивен несакан ефект“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за стоки увезени во САД. Фон дер Лајен за германскиот весник „Цајт“ изјави дека „Европа е целосно […]
ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ КИНА СО ЕКОНОМСКИ РАСТ НАД ОЧЕКУВАЊАТА
Кинеската економија оствари раст од 5,4 отсто во првиот квартал годинава, што е над очекувањата наспроти предизвиците од повисоките американски царини. Во првиот квартал кинескиот БДП ги надмина очекувањата од анкетата на Ројтерс за годишен раст од 5,1%. Растот годинава се должи на економското закрепнување што започна кон крајот на 2024 година, благодарение на широко […]
Граѓаните да ги достават забелешките за Стратегијата за минерални суровини
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, како и по Нацрт-стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година. Во тек е широк и транспарентен […]
Субвенциите за млеко се целосно сервисирани
Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813,00 денари. Од Министерството за земјоделство, шумарство, водостопанствои денеска информираа дека извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година. Висината на […]
ЕМОФ е шанса Македонија да покаже дека може да организира европски настан од највисок ранг
Како се одвиваат подготовките за ЕМОФ Скопје 2025 и до каде сте во моментов со реализацијата на планираните активности? Подготовките се одвиваат интензивно и веќе влегуваме во фаза кога секој ден и секој чекор е клучен. Во изминатиот период завршивме со неколку важни етапи – техничките инспекции, координацијата со националните спортски федерации, како и финализирањето […]
За дваесеттина од повредените во Кочани потребна e подолготрајна рехабилитација
На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години, посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите […]
НАД 200 ПАЦИЕНТИ ЧЕКААТ ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ОРГАН
Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган. Оваа листа е динамична и постојано се менува, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. – Со оваа последна, успешна кадаверична трансплантација каде што за многу краток рок беа пуштени дома сите пациенти […]
Стипендии за студиско усовршување и истражувања во Словенија
Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија известува дека доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанди од Република Северна Македонија на високообразовните институции во Република Словенија за академската 2025/2026 година. Како што објави МОН, доделувањето стипендии е врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република […]
ХОЛАНДИЈА ЗАБЕЛЕЖУВА РЕКОРДИ ВО КУЌИ ПОСКАПИ ОД МИЛИОН ЕВРА
Во Холандија минатата година имало рекордни 223.000 куќи поскапи од еден милион евра, што е зголемување од 13,5 отсто во споредба пред една година и 243 отсто повеќе отколку во 2020 година, објави агенцијата Калкас во својот годишен преглед. Овие скапи куќи и станови сè повеќе се градат сериски, а просечната вредност на ваквите згради […]