Се продаде прилепската фабрика која е последна на листата на загубари

За 4 милиони и 200 000 евра се продаде прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ кој е и последен на листата на загубари во земјава. Како инвеститори се јавија полска фирма „FHR ARMORL LOGISTIKS Sp z.o.o. и македонска компанија, „Футура мода Д&А ДООЕЛ – Скопје“. „Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во […]

КАМАТНИТЕ СТАПКИ ИМ ГО ОТЕЖНУВАAT ПАТОТ НА ГЕРМАНЦИТЕ ДО СОПСТВЕН СТАН

Во Германија перспективите за каматните стапки за купување на недвижности за домување се обесхрабрувачки. И покрај огромната побарувачка, градежната индустрија сè уште нема закрепнување на повидок, пишува германската новинска агенција ДПА. Потрошувачите почнаа да земаат повеќе станбени кредити на почетокот на 2025 година, но трендот оттогаш исчезна, соопшти Barkov Consulting во анализа на податоците од […]

НОВА ЕВРОПСКА ПОМОШ ОД 897 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ХРВАТСКА, вкупната помош достигна 7,3 милијарди евра

Европската комисија го одобри осмото барање за исплата на Хрватска во рамките на Инструментот на ЕУ за 896,9 милиони евра, со што вкупната исплата на средствата за закрепнување и отпорност достигна 7,3 милијарди евра, или 73% од националниот план на Хрватска. Комисијата утврди дека Хрватска задоволително постигнала шест етапи и 11 цели утврдени во Националниот […]

Првата личност што ќе ја прими руската вакцина против рак ќе биде од Србија

Првата личност во светот што ќе започне со третман со руската вакцина против рак ќе биде пациентка од Србија, Јована Алексиќ, која има меланом, рак на кожа со метастази, изјави денеска Сергеј Бољевиќ, раководител на Одделот за патологија на Универзитетот Сеченовск во Москва. „Тоа нема да биде клиничко испитување, туку третман. Од понеделник почнуваме да […]

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 – 2020, во 2025 година декемвриска температура била 1,3 степени повисока од просечната на ниво на држава, додека месечната сума на врнежи […]

Полска повторно е лидер во растот меѓу источните членки на ЕУ, нова прогноза на Виенскиот институт за меѓународни економски студии

Повеќето економии на Централна, Источна и Југоисточна Европа бележат стабилен раст. Сепак, членките на Европската Унија од овој регион ќе продолжат да работат под својот потенцијал. Растот во одредени земји е негативно погоден од долгорочната слабост на индустријата во Германија, високите буџетски дефицити и структурните проблеми. Ова се главните наоди од новиот зимски извештај на […]

СЛОВЕНИЈА ЌЕ ИЗДВОИ МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ПОСЛЕДНИОТ РУДНИК ЗА ЈАГЛЕН

Словенечкиот парламент усвои закон за постепено затворање на последниот рудник за јаглен во земјата, Премоговник Велење. За следните дваесет години се планирани инвестиции од вкупно 1,13 милијарди евра за работи за затворање на рудници, санација на земјиштето и за фер транзиција за рударите. Законот предвидува дека експлоатацијата на јаглен во Велење ќе заврши најдоцна во […]

Finance Think: Буџет 2025 – Зошто потфрлија приходите и што навистина значи тоа?

Брифот за политики 77 „Зошто потфрли Буџетот во 2025 година?“од Finance Think покажува дека потфрлањето на буџетските приходи во 2025 година не е резултат на „лоша економија“, туку на преценети буџетски проекции и начинот на кој се управува со приходите. Клучни факти: – Во 2025 година, вкупните буџетски приходи се реализирани на 92% од планираното, […]

ПРОДОЛЖЕН ПАД НА АМЕРИКАНСКИТЕ АКЦИИ И НА БИТКОИНОТ

Вредноста на американските акции паднаа по берзанското тргување во четврток, бидејќи инвеститорите зазедоа став за избегнување на ризик, што ги намали тргувањата со популарна технологија и биткоин. Индексот Dow Jones Industrial Average изгуби околу 592,58 поени, или 1,20%, завршувајќи на 48.908,72. S&P 500 изгуби 1,23%, задржувајќи се на 6.798,40. Nasdaq Composite падна за 1,59% и […]

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

Во гостувањето во емисијата „Вин-вин“ на телевизија „Телма“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, истакна дека монетарната политика успешно ја исполнува својата основна цел – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност во земјата. Гувернерот посочи дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена. Стабилниот курс на денарот во однос на еврото […]