МВР: Граѓаните да не отвораат сомнителни пораки со МВР и ЕВРОПОЛ

До неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи, упатувајќи апел до граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки. – Апелираме до граѓаните да […]

Не се менуваат цените на бензините и на дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]

ФЕВРУАРСКАТА НЕТО ПЛАТАТА ВО ХРВАТСКА Е НАД 1.400 ЕВРА

Просечната месечна нето плата во Хрватска за февруари годинава изнесувала 1.416 евра, што е реален раст за 9,5 отсто, а номиналниот раст е за 13,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Највисока просечна месечна нето плата е исплатена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски […]

Синдикалната минимална кошница за април „поскапа“ за 836 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија […]

ПАЗАРОТ НА ЛУКСУЗНИ НЕДВИЖНОСТИ ВО ДУБАИ ВО ПОДЕМ

Добрата побарувачка на пазарот на луксузни недвижности во Дубаи продолжи и во првиот квартал од 2025 година, при што богатите купувачи повторно соборија рекорди за домови вредни над 10 милиони долари. Во текот на првите три месеци годинава, продадени се 111 луксузни недвижности, што претставува раст од 5,7 проценти во споредба со истиот период минатата […]

Започна седумнаесеттото издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025: Врвна обука за идни лидери во бизнисот и претприемништвото

Денес официјално започна седумнаесеттото издание на ЛИДЕР Проектот, едукативна програма за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од Македонија. Обуката се реализира во организација на Македонија2025, во соработка со престижната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада. Млади професионалци од цела Македонија ќе имаат можност да учествуваат во оваа интензивна двонеделна обука, креирана според МБА програмите на […]

ПОВЕЌЕ СИСТЕМСКИ СЛАБОСТИ ВО БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, извештај на ДЗР

Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатира повеќе системски слабости во работата на Бирото за развој на образованието, кои ги објавува во извештајот за Извршената ревизија на регуларност за 2024. Според ДЗР, за раководење на Бирото е именуван в.д. директор кој ја извршувал функцијата над пет години, извршени биле исплати за надоместоци за надворешни соработници врз […]

„Еко-свест“ ќе го одбележи Денот на планетата Земја со вебинар за просумери

Овогодинешниот фокус на одбележувањето на Светскиот ден на планетата Земја е ставен на утројување на глобалното производство на електрична енергија од обновливи извори до 2030 година и токму поради тоа Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ на 22 април ќе одржи вебинар за просумери, односно за информирање за сопствено производство на електрична […]

Во државава лани имало 140.800 лица со дијабетес

Во нашата држава, согласно податоците на преваленца за состојба на опфат на граѓани од 20 до 79-годишна возраст, констатирано е дека во 2024 година се 140.800 лица со дијабетес. Тоа е 7,4 проценти возрасна стандардизирана преваленца на дијабетес, подвлекуваат денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија. – Новиот регистер на состојбата со […]

ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ПОТРОШУВАЧИ ЧОКОЛАДОТО СТАНУВА ЛУКСУЗ!

Во март цените на кондиторски производи во Германија биле за 16,7 отсто повисоки отколку во истиот месец минатата година, објави Германскиот завод за статистика. Најзначајно зголемување на цените е забележано кај чоколадите (+25 отсто). Цените на другите чоколадни производи се исто така значително повисоки (+11,1 отсто), пишува Дојче Веле. Во март годинава имаше мало намалување […]