КОИ ЖИТЕЛИ ВО ЕУ НАЈМНОГУ ЧИТААТ КНИГИ И ВЕСНИЦИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ?

Во 2024 година, 14,7 отсто од жителите на Европската Унија купиле печатени книги, списанија или весници преку интернет, додека 6,8 отсто преземале е-книги или аудио книги, објави Евростат. Најголемо учество на жителите кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет е забележан во Ирска (28,3 отсто), Холандија (23,5) и Луксембург (22,7). Најниско учество е […]

ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ЗАКЛУЧУВААТ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ НА ПОЧЕТОКОТ НА РАБОТНИОТ ДЕН!

За многумина работници не е прифатливо да имаат работно место во компанија во која не може да го користат мобилниот телефон. Но, за вработените во една компанија во Митерсил во австриската покраина Салцбург, веќе цела деценија тоа не претставува никаков проблем. Компанијата го вовела правилото според кое на почетокот на работното време вработените задолжително ги […]

ДЕНЕСКА СО ЛОКАЛНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 18 […]

Повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за основци

Министерството за образование и наука објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот. – Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено […]

Хуманитарно-продажна изложба за Кочани

Над 140 ликовни уметнички дела и уште голем број рачни изработки и литературни изданија од автори од Кочани, Виница и други градови во државата се донирани за хуманитарно-продажната изложба, што беше отворена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Настанот заеднички го организираат волонтерите од SupportKocani и вработените во кочанската културна институција, од каде […]

ЦГК: Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни

Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за фирмите коишто се на списокот што го објави Министерството за транспорт за одземање на нивните лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање, а по спроведените контроли и трагичниот настан во Кочани. […]

Неделава променливо облачно и нестабилно време

До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени. Како […]

ММФ прогнозира инфлација за Македонија од 3,4 отсто

Раст на македонската економија од 3,2 проценти за годинава и за следната 2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4 отсто, а следната година 2,2 проценти. Во регионот, за Србија е прогнозиран раст од 3,5 отсто, Албанија, 3,8 отсто, Косово, 4 отсто, Црна Гора, 3,2 […]

„Зелена линија“ за развојот на Трансевропска транспортна мрежа

Во Скопје денеска се одржува тркалезна маса со наслов „Зелени пратенички групи на Западен Балкан – средба со Транспортната заедница“. Овој настан се организира во соработка помеѓу Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Зелените пратенички групи на Западен Балкан, во рамки на зајакнување на политичката посветеност за спроведување на […]