СРБИЈА УВЕЗУВА ПОВЕЌЕ ДОМАТИ ОД ЕГИПЕТ ОТКОЛКУ ОД МАКЕДОНИЈА!

Во првите два месеци од оваа година, во Србија се увезени повеќе од 19.000 тони ран зеленчук, за што се исплатени повеќе од 18 милиони евра. Младиот компир кој во маркетите и на пазарите во Србија се продаваше од 500 динари, а се искачи до 1.000, најмногу се увезуваше од Германија ( 2.977 тони) и […]

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

Како носител на првиот меѓународен патент за лек со додадена вредност – Омепразол во течна форма: готов за употреба – „Алкалоид“ беше покровител на Првата меѓународна конференција за современ пристап во третманот на ГЕРБ кај педијатриските пациенти, организирана во Загреб, Хрватска. Повеќе од 200 здравствени професионалци од областа на педијатријата, гастроентерохепатологијата, нутриционизмот, експерти од фармацијата […]

Отворен повик за програмата Empowering Women in Agrifood 2025!

Програмата Empowering Women in Agrifood – EWA 2025, организирана од EIT Food во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, сега е достапна и за жени претприемачи од Македонија! 🌱 Доколку имате иновативна идеја или бизнис во агро-прехранбениот сектор, ова е вашата шанса да добиете: ✅ Финансиска поддршка до 10.000 евра ✅ Специјализирани обуки […]

Бугарија купува 35 електрични возови за 600 милиони евра

Францускиот производител на железнички возила „Алстом“ објави дека потпишал договор со бугарското Министерство за транспорт и комуникации за испорака на 35 електрични меѓурегионални возови од типот Coradia Stream, заедно со 15-годишно одржување. Проектот ќе го реализираат „Алстом“ и бугарската компанија RVP Invest, која ќе обезбеди објект за одржување на возовите. Вкупната вредност на договорот изнесува […]

ЗА БИРОКРАТСКИ ПРОЦЕДУРИ МАЛИТЕ КОМПАНИИ ВО ГЕРМАНИЈА ТРОШАТ 61 МИЛИЈАРДА ЕВРА

Малите и средните претпријатија во Германија годишно само на бирократски процедури трошат 61 милијарда евра. Според истражувањето на германската банка за развој KfW, вработените во околу 3,8 милиони компании во Германија просечно трошат седум проценти од своето работно време на бирократски процедури. Во една компанија на бирократија месечно во просек се трошат околу 32 работни […]

ЕЦБ размислува за промена на својата стратегија за монетарна политика

Европската централна банка (ЕЦБ) размислува да ја промени својата стратегија, врз основа на која ја спроведува својата монетарна политика, за да може побрзо и пофлексибилно да реагира на можни ценовни шокови, објави Ројтерс, повикувајќи се на публикација на Блумберг. Управниот совет на ЕЦБ ќе разговара детално за можна промена во својата стратегија за прв пат […]

ДАЛИ ДОЛАРОТ ЈА ГУБИ ПОЗИЦИЈАТА КАКО ВОДЕЧКА СВЕТСКА ВАЛУТА?

Вредноста на американската валута во однос на кошничката валути на клучните трговски партнери се намали за околу десет проценти од изборот на американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика глобален процес за пронаоѓање на побезбедни алтернативи за инвенститорите. Нестабилните економски политики на новата американска администрација ја разнишаа вредноста на доларот и го засилија притисокот врз неговиот […]

Централниот регистар на првото место за Управување со квалитет во јавниот сектор

Под покровителство на Министерството за јавна администрација, денеска се одржа свечен настан по повод доделувањето на признанијата за Управување со квалитет во јавниот сектор на институции кои покажале највисоко ниво на посветеност, ефикасност и транспарентност во своето работење. – Прва награда доби Централниот регистар на Република Македонија, втората награда Агенцијата за вработување на Република Македонија […]

„Старт-ап“ викенд за иноватори на Факултетот за информатичко општество во Охрид

На Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид викендов ќе се одржува натпревар на млади претприемачи – „Startup Weekend Ohrid 2025“. Од попладнево па во текот на наредните 54 часа млади иноватори распоределени во 12 екипи под менторство на 20 професори ќе разработуваат сопствени бизнис-идеи, ќе креираат „старт-апи“. Нивните иновативни […]

ФИТР ги додели ваучерите од 8.000 евра за иновации за Западен Балкан

Фондот за иновации и технолошки развој денеска на свечена церемонија ги додели ваучерите за иновации за Западен Балкан, со кои се поддржуваат 20 научно истражувачки проекти. Со овој настан се одбележа важноста од стратешката соработка помеѓу академскиот и бизнис секторот, како движечката сила на одржливи иновации, долгорочна национална конкурентност, клучен дел од Стратегијата за паметна […]