Албанија добива трет аеродром

По меѓународниот аеродром во Тирана и оној во северниот град Кукс, набрзо во Албанија ќе профункционира и новоизградениот аеродром во приморскиот град Валона. Албанската вицепремиерка и министерка а инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку изјави дека Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) на аеродромот во Валона му додели аеродромскиот код и продажбата на билети. – ИАТА […]

ДОЛАРОТ СЕ ОДЛЕПИ ОД НАЈНИСКОТО ВРЕДНОСНО НИВО

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми минатата недела, за прв пат од средината на март, поради намалување на трговските тензии меѓу САД и Кина. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, зајакна минатата недела за 0,4 отсто, на […]

Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk

На националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk од денеска се достапни две нови услуги од основните судови – Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица. Со новата услуга за дигитална потврда за неосудуваност се заокружува пакетот најважни дигитализирани услуги за граѓаните, покрај веќе достапните – изводи […]

Откриени злоупотреби на државно земјоделско земјиште за преку 2000 хектари

Откриени се злоупотребени на повеќе од 2000 хектари земјоделско земјиште кои државата ги дала под концесија, а инспекторатот ќе ги продолжи контролите за земјиштето да стигне до вистинските земјоделци, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при денешниот престој во Прилеп. – Од оние контроли што ги правиме уште од првиот ден на […]

НАД ПОЛОВИНА ОД АМЕРИКАНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕМА ДА ПАТУВААТ ОВА ЛЕТО!

Помалку од половина од возрасните жители на САД (46 проценти) планираат да патуваат ова лето. Во најновите анкети 38 отсто од луѓето одговориле дека ќе патуваат во САД и 15 проценти кои планираат да патуваат во странство. Некои одговориле дека ќе патуваат во земјата и во странство. Речиси една четвртина од возрасните во САД (24 […]

Промоција на македонски вина и вински туризам во Тирана

Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура” утре во Тирана ќе се одржи „Промоција на македонски вина и вински туризам”. Овој настан требаше да се одржи денеска, но беше одложен, бидејќи во Албанија е Ден на национална жалост, во знак на почит кон починатиот Папа Франциск. На утрешната промоција 12 познати македонски винарии ќе […]

ВЕТЕРИНАРНАТА МЕДИЦИНА Е ПРОФЕСИЈА СО СИЛЕН РАСТ

Ветеринарната медицина ја зазеде првата позицијата на најбараната професија во 2025 година, според неодамнешниот извештај на Indeed. Ветеринарната медицина е во период на раст, поттикнат од промените во општеството во кое сè повеќе се дава приоритет на здравјето и среќата на своите миленичиња. Побарувачката за ветеринари е во пораст, а огласите за оваа професија се […]

НОВА ГОРНА ГРАНИЦА ЗА ПЛАЌАЊЕ ВО КЕШ ВО ЕУ

Европската Унија воведе нова горна граница за плаќања во готово. Во ЕУ е донесена одлука за ограничување на максималниот износ на готовински трансакции на 10.000 евра, со цел борба против перењето пари. Досега, ваквите трансакции често се извршуваа без доказ за потеклото на парите, што отвораше простор за злоупотреба. Според новите правила, секој трансфер на […]

ВО ХРВАТСКА 200 000 ГРАЃАНИ СО БЛОКИРАНИ БАНКАРСКИ СМЕТКИ

На крајот на март годинава во Хрватска беа блокирани сметките на 199,3 илјади хрватски граѓани, со вкупна вредност од 2,94 милијарди евра, како и на 13 илјади деловни субјекти, чиј капитал изнесуваше 788,8 милиони евра, соопшти Финансиската агенција (ФИНА). На крајот на март, во регистарот на бази на плаќање биле евидентирани 199.325 потрошувачи, што е […]

Во Прилепско почна социјалната услуга „Медицинска сестра во заедницата“, прва во Македонија

Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени денеска почна да се спроведува социјалната услуга „Медицинска сестра во заедницата“, прва од ваков вид во Македонија. Во моментов на теренот во урбаните и руралните средина на 20 лица од ранливи категории медицинска услуга им нудат осум медицински сестри, двајца психолози и еден физиотерепевт. Според Марина Тошеска, од Центарот за […]