Џиро д’Италија 2025 ќе стартува во Албанија на 9 мај

Џиро д’Италија, еден од најважните настани во светскиот велосипедизам, за првпат во историјата годинава ќе започне од Албанија, при што од 9 до 11 мај, Драч, Тирана и Валона ќе бидат градовите што ќе бидат домаќини на професионални велосипедисти, со што Албанија ќе стане дел од овој голем спортски спектакл, објави албанскиот премиер Еди Рама. […]

Во Прилеп наврнало најмногу дожд

Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог до 8 часот по изминато деноноќие, 15 литри на квадратен метар се измерени во Пожаране, 14 во Тополчани и Пожар, 12 во Виница, 11 во Штип, 10 литри во Гевгелија, 8 во Скопје-Петровец, 7 во Велес и Берово, 6 во Крушево и Тетово, 4 литри на квадратен […]

Во Собранието доделени сертификати за завршена Академија за пратеници

Во Собранието денеска се одржала свечена церемонија за доделување сертификати на пратеници кои ја завршија Академијата за пратеници, а е дел од проектот „Доба на подобри политичари“, реализиран од Форумот за разумни политики, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство. Академијата е наменета за пратеници кои се во својот прв мандат, како и за оние […]

Два милиони работници умираат на работа, Светски ден за безбедност при работа

Денеска е Светскиот ден за безбедност при работа, кој е прогласен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 1996 година. Овој ден се одбележува во 120 земји во светот како Меѓународен ден за сеќавање на паднатите работници под мотото „Да се ​​сетиме на мртвите, да се бориме за живите“. Светскиот ден за безбедност и здравје […]

Подобрена наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигнала 247.491.155 денари. Ова, како што наведуваат, претставува повеќе од двојно зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 110.576.324 денари. Додаваат дека овој значаен раст […]

Инженерите даваат компаративни анализи за „Козјак Запад“ и „Голем Чебрен“

Очекувајќи ги резултатите што ги има изготвено или ќе ги изготви Работната група за енергетика формирана од Министерството за енергетика, Инжинерите на Република Македонија излегоа со апел на некој од наредните состаноци групата да ги разгледа и спореди предностите и недостатоците на две големи енергетски решенија. Изградба на реверзибилна хидроелектрана „Козјак Запад“ и Изградба на […]

Од 3 мај авионски летови од Скопје до Барселона и Лион

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион. Летовите ќе ги реализира Виз ер со субвенции од Владата, потврдија денеска на прес-конференција ТАВ Македонија и Виз Ер На релацијата Барселона Скопје ќе има летови двапати неделно, во ворник и сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и в сабота. Првиот […]

Инфинум Македонија е добитник на наградата „Најдобар работодавач 2024” според вработените

Инфинум Македонија е добитник на наградата „Најдобар работодавач 2024”, како треторангирана во конкуренција од сите мали, средни и големи компании кои учествуваа во истражувањето на задоволство. Признанието се заснова на мислењето на самите вработени искажано во анкета за задоволство спроведена преку Пулсер, прва независна платформа за мерење на задоволството на вработените во Македонија. Наградата беше […]

Родители од четири општини утре во Гевгелија ќе учествуваат на работилница на „Макпетрол“

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“ продолжува со своите активности во Гевгелија. Утре, 29 април, со почеток од 18 часот во Народниот театар во градот, ќе се одржи работилница за родители кои ќе разговараат за проблемот со булингот. Освен граѓани од Гевгелија, на оваа едукативна средба можност за учество ќе имаат […]

Samsung TV во срцето на вашиот паметен дом

Сите иновативни функционалности и дизајнот на телевизорот денес играат клучна улога во обликувањето на ентериерот на домот, правејќи го модерен и tech уред, кој покрај основната негова улога за гледање на содржини, претставува и паметен уред кој интегрира функции со кои се поврзува со останатите паметни уреди кои ги користите дома. Денес, телевизорите се и […]