Во четврток попладне со услови за локален краткотраен дожд
Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 27 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд […]
Општина Аеродром од 5 мај почнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад
Општина Аеродром од 5 мај (понеделник) почнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на јуни, што всушност претставува континуитет од минатата година, кога се спроведе есенска акција. Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени […]
Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи
Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми, ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите. Мојата нација направи значителни жртви и реформи, цврсто посветена на нашиот европски пат. Сепак, постојано бевме сведоци на менување на целите и дополнителни […]
ЗАГУБАТА НА СТРУЈА ОД ПЕТ СЕКУНДИ ПРЕДИЗВИКА МАСОВЕН ДЕФЕКТ НА МРЕЖАТА ВО ШПАНИЈА И ФРАНЦИЈА
Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа во рок од само пет секунди, што доведе до дефект во меѓусекторската врска меѓу електропреносните мрежи на Шпанија и Франција. Според шпанскиот мрежен оператор РЕЕ, европските енергетски мрежи не се проектирани да […]
Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија. Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел […]
Македонија се отвора кон нови енергетски пазари, НОМАГАС и ДЕСФА потпишаа Меморандум за регионалната енергетска соработка
Извршните директори на НОМАГАС Мухамед Елмази и на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА Мариа Рита Гали на маргините на деветтиот Балкански Енергетски Самит во Атина претпладнево потпишаа Меморандум за разбирање, со кој ја продлабочуваат соработката насочена кон зајакнување на регионалната енергетска поврзаност и сигурноста на снабдување со енергија, јави дописничката на МИА […]
САД СЕ СООЧУВА СО ТРГОВСКИОТ КОНФЛИКТ СО КИНА, КОНТЕЈНЕРСКИОТ ТРАНСПОРТ НАМАЛЕН ЗА ЕДНА ТРЕТИНА
Трговскиот конфликт меѓу администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, и Кина го намали прометот со стоки во американските пристаништа и влијае врз американската економија, јави синоќа „Фајненшл тајмс“. Според изданието, операторите на контејнерски пристаништа и менаџерите за авио-превоз забележуваат нагло намалување на испораките од Кина. Бројот на нарачки опаѓа бидејќи увозниците ги одложуваат испораките […]
Висок ризик од појава на епидемија со морбили, Аеродром, Карпош и Центар со низок опфат со МРП вакцина
Има голем интерес за деветвалентната ХПВ вакцина и кај момчињата, новина што беше воведена во 2024 година. Од друга страна, незадоволителен е опфатот со МРП вакцината. Опфатот со оваа вакцина во скопските општини Аеродром, Карпош и Центар бил под 60 – 70 отсто, што доведува во висок ризик од појава на епидемија со морбили. Овие […]
Велешките средношколци ги прикажаа својот краток филм „Неизговорено“
Учениците од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ денеска во салата на „Киноверзум“ во Велес организираа филмска проекција на својот краток филм насловен како „Неизговорено“, дело што на исклучително чувствителен и автентичен начин проговорува за потребата од безбедна и поддржувачка училишна средина. Овој креативен труд на младите не користи многу зборови – туку дозволува тишината да ја […]
Samsung ја проширува директната достапност до AI помошникот преку страничното копче на Galaxy A серијата
Со соработка помеѓу Samsung и Google, повеќе корисници наскоро ќе можат да го активираат Gemini на поприроден начин за посмарт мобилно искуство. Samsung Electronics Co., Ltd. денес објави дека одредени уреди од серијата Galaxy A наскоро ќе ја поддржуваат активацијата на AI помошникот преку страничното копче, донесувајќи ја омилената карактеристика на обожавателите на Galaxy S […]