Најголемиот руски дијамант се продава на аукција!

Компанијата „Алроса“ објави дека планира да го продаде на аукција дијамантот „Ново сонце“, најскапоцениот камен во историјата на Русија, со ретка жолта боја, со тежина од повеќе од 100 карати. Раководителот на фабриката „Алроса“ во Јакутија, Ајсен Николаев, изјави за ТАСС дека планираат да го продадат дијамантот на аукција, но не прецизираше кога тоа би […]

Економија и бизнис | 01 мај 2025г.

Во бројот од 01 мај 2025 ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, и бесплатна достава, кликнете ТУКА.

Трамп потпиша извршна наредба за намалување на федералното финансирање за два од најголемите јавни медиуми во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се намалува финансирањето за Националното јавно радио (Ен-Пи-Ар) и Јавниот радиодифузен сервис (Пи-Би-Ес), кој ја покрива американската јавна телевизија, соопшти Белата куќа. Наредбата, издадена од Белата куќа, ѝ наредува на Корпорацијата за јавна радиодифузија, која ги распределува федералните средства на Пи-Би-Ес и Ен-Пи-Ар, да „прекине директното […]

Попладне облачно со краткотраен пороен дожд

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. Во Скопје ќе биде […]

Стипендии за додипломски и магистерски студии во Словачка во академската 2025/2026

Амбасадата на Словачка известува за повик за аплицирање на кандидати од Северна Македонија за стипендии на Владата на Словачката Република (Slovak Republic Government Scholarship), за додипломски и магистерски студии во одредени области на образование за академската 2025/2026 година. Подетални информации во врска со финансиските услови за овие стипендии може да се најдат на: https://www.minedu.sk/scholarships-of-the-government-of-the-slovak-republic/ Упатството […]

Чиле издаде предупредување за цунами

Чиле издаде предупредување за цунами и нареди евакуација на населението во крајбрежната област на југот од земјата по силниот земјотрес. Агенцијата за управување со катастрофи во земјата издаде предупредување за дел од оддалечениот регион Магаљанес, на јужниот врв на Чиле. Предупредувањето доаѓа откако, според податоците од Геолошкиот завод на САД (USGS), во 13:58 часот по […]

МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13,8% во однос на истиот месец претходната година, соопшти денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). – Особено позитивен е растот од 12,9% во групата „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и […]

Храната третирана со јонизирачко зрачење е побезбедна, а не ги менува вкусот и хранливоста

Процесот на стерилизација на храната со јонизирачко значење е недоволно познат за пошироката јавност и за потрошувачите. Колку е важно да се третира храната со јонизирачко зрачење и колку оваа постапка е применета во другите земји при преработката и прометот на хранливи продукти? Х. Спасевска: Технологијата за ладна стерилизација на прехранбените производи е широкораспространета во […]

Поворно „Книга во секој дом“ со „Матица македонска“

Триста наслови со попуст до 70 проценти, средби со писатели и промоции на нови изданија Традицијата на „Матица македонска“ продолжува. Повторно „Книга во секој дом“. Триста наслови со попуст до 70 проценти, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. Средби со писатели од сите генерации. Промоции на нови книги. […]

„Репортери без граници“: Слободата на медиумите низ целиот свет во 2025 година е на најниско ниво

Слободата на медиумите низ целиот свет е во полоша состојба од кога било, според најновото годишно рангирање објавено денеска од организацијата за човекови права „Репортери без граници“, кое забележува дека новинарите во Европа имаат најголема слобода, објавија светските агенции. –Слободата на медиумите во светот во 2025 година е на најниско ниво досега. Над половина од […]