УХМР: Април просечно топол и просечно влажен

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април 2025 година, се карактеризира како просечно топол и просечен до влажен во однос на врнежите месец, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР. Средномесечната температура изнесуваше од 5,7°С во Лазарополе до 14,4°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, […]

Заедно да го напишеме следното поглавје за Битола со настанот „Визија кафе“ и монодрамата „Не денес“

Секој битолчанец треба да биде вклучен во создавањето на иднината на неговиот град и токму затоа на 10 мај (сабота), од 11:00 до 14:00 часот, ќе се одржи настанот „Визија кафе“ во мезе бар „Јагода“, на кој секој поединец ќе даде свој придонес со изнесување на своето гледиште, а вечерта, во Центарот за култура во […]

Под слоганот „Храна за душа“ почнува Саемот на книга

Под слоганот „Храна за душа“, од денеска до 14 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи 37. издание на Саемот на книга. Најавени се над 65 издавачки куќи и повеќе од 110 промоции и средби со автори. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите денеска во 10 часот, а официјалното отворање ќе […]

ДЗР: СОВРЕМЕНА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА СТОИ НЕИСКОРИСТЕНА, НЕДОСТАСУВА СТУЧЕН КАДАР

Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, покажува конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, што денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Иако во изминатите три години е постигнат напредок во […]

Розов чад кај Ватикан: Протест на жени со барање за еднаквост во Католичката црква

Членки на католичка женска група запалија факели со розов чад на ридот зад Ватикан во знак на протест против родовата нееднаквост во Црквата, неколку часа пред кардиналите да се соберат на конклава во Сикстинската капела за избор на нов папа. „Додека светот чека бел или црн чад, нашиот розов чад сигнализира дека жените треба да […]

Најмногу дожд во Крушево, денеска со локален пороен дожд

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 12 литри на квадратен метар, според мерењата на УХМР за наврнат воден талог. До 8 часот утрово, по изминато деноноќие, 9 литри на квадратен метар се измерени во Крива Паланка, 7 во Битола, 6 во Охрид, 5 во Виница и Ѓуриште, 4 литри на квадратен метар […]

ВО ПОЛСКА СЕ ГРАДИ НАЈСКАПИОТ ИНФРАСТРУКТУРЕН ЕВРОПСКИ СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР

Изградбата на Централнoто комуникациско пристаништа (CPK) во Полска, во вредност од 34 милијарди долари, треба да стане главен европски транспортен центар – воздушен, железнички и патен и најголемата инфраструктурна инвестиција во земјата. Околу 40 километри западно од Варшава, во досега претежно рурална област, се гради огромен сообраќаен центар До средината на следната деценија, Европа би […]

ЕК бара казни за Бугарија, Грција и Полска поради непочитување на Директивата за патарини

Европската комисија денеска одлучи да покрене тужби против Бугарија, Грција и Полска пред Судот на правдата на Европската Унија поради неусогласеност со правилата на ЕУ за наплата на патарини, барајќи на трите земји да им бидат изречени парични казни. Комисијата посочува дека на 23 мај 2024 година упатила формални известувања до трите земји за оваа […]

САД и Кина во први директни разговори по почетокот на трговската војна

Претставници на САД и Кина ќе одржат прва официјална рунда трговски разговори неделава во Швајцарија, откако двете земји си воведоа речиси блокирачки увозни царини, според американски и кинески владини извори. Американскиот министер за финансии Скот Бесент и трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, ќе се сретнат со кинескиот вицепремиер Хе Лифен викендов во Женева, во […]

СТОПАНСКАТА КОМОРА АКТИВНО РАБОТИ НА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот. Според информации кои ги добиваме […]