Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
Поради интервенции во механизмите на пумпата и системот за прилив-одлив на гориво, обезбедувајќи помала количина гориво од наведената, Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) на две години затвори пет бензински пумпи во Атина и Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Во средината на март грчката полиција разби две криминални групи во Солун […]
Чуварите на мудроста по трет пат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите
Некои од најуспешните и највлијателни луѓе и професионалци од Македонија ќе ги отворат срцата и умовите на третото издание на конференцијата „Чувари на мудроста“, организирана од Халкбанк, која ќе се одржи на 28 мај на Економскиот факултет во Скопје. Оваа конференција прерасна во вистински мост помеѓу генерациите – таа нуди уникатна можност да се учи […]
УЈП: Фискалните каси да имаат точни адресни податоци, локација и редовно да се одржуваат во овластени сервиси
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните […]
Свечено отворање на македонскиот павилјон на 19. Меѓународна изложба на архитектура во Венеција
Во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, денеска свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот „STRADA BRUTALISSIMA”, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева […]
Почнува националната еко акција „Генералка викенд“
Со чистење на околината на Скопскиот аквадукт во кое ќе се вклучат 200 волонтери денеска официјално почнува еко акцијата „Генералка викенд“, единствен масовен еколошки настан, не само во земјава, туку и на целиот Западен Балкан, во организација на „Мен енд Маунтен“ во соработка со Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим […]
Основни и средни училишта од Кочани имаат долг од над 10,5 милиони денари за комунални услуги
Три основни и две средни училишта од Кочани направиле долг со неплатени сметки кон КЈП „Водовод“ во вкупен износ од 10.516.138 денари. Увидот во работата на комуналното претпријатие, што по преземањето на функцијата го направил в. д. градоначалникот Венко Крстевски, покажал дека образовните институции се меѓу најголемите должници кај правните субјекти. Највисок долг од над […]
ПОВЕЌЕ ОД 250 ВОЛОНТЕРИ ГО ИСЧИСТИЈА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ – ЗАПОЧНА НАЈГОЛЕМАТА ЕКО АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“
Денеска, на Скопскиот Аквадукт стартуваше најголемата тридневна (9, 10 и 11 мај) годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска кампања од граѓани за граѓани), организирана од Мен Енд Маунтен заедно со нивниот главен стратешки партнер Пивара Скопје и официјалните партнери Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Бучим Боров Дол, Макстил, Саубермахер […]
Златната доба на Доналд Трамп и на тарифите
„Јас сум тарифен човек“, се прокламира себеси Доналд Трамп, користејќи го истиот слоган што го употребуваше претседателот кого го смета за образец – Вилијам Меккинли. Позлатената доба во САД, обележена со големи тарифи, траеше од 70-тите години на деветнаесеттиот век до почетокот на 20 век. Трамп со тарифите за речиси целиот свет сака да врати […]
Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
Ученици од скопските основни училишта „Ѓорѓија Пулевски“ од општина Аеродром, „Св. Климент Охридски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода, денеска го посетија Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Придружени од своите наставници, учениците ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме, соопшти прес-службата на претседателката. Оваа интересна церемонија се одржува секој втор петок во […]
ВО АПРИЛ ИНФЛАЦИЈАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ НАМАЛИ НА НУЛА!
Годишната инфлација во Швајцарија достигна неочекувано нула проценти во април, соопшти статистичкиот завод на земјата, зголемувајќи ги очекувањата за уште едно намалување на каматните стапки во јуни. Оваа бројка го означува најниското ниво на инфлација во последните четири години. Во март, инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 0,3 проценти, според прелиминарните податоци од Швајцарскиот статистички институт. […]