Сојузот на филателистите го заврши проектот за издавање спомен-пликови на 66 народни херои од државата
Сојузот на филателистите на Македонија објави дека на 9 мај – Денот на победата над фашизмот, го заврши филателистичко-историскиот проект „Народните херои од Народноослободителната борба 1941-1945 од Македонија“. Целта на проектот е да се остави во наследство за следните генерации споменот на делото на сите 66 народни херои од државата преку соодветен филателистички материјал. Проектот […]
КИНА И САД ПОЧНУВААТ ТРГОВСКИ ПРЕГОВОРИ ВО ЖЕНЕВА
Министерот за финансии на САД Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Гриер денеска во Швајцарија ќе се сретнат со кинескиот потпретседател на владата, Хе Лифен, на првите преговори меѓу двете страни во услови на глобална несигурност предизвикана од трговската војна, пренесе ДПА. Преговорите во Женева ќе бидат внимателно следени поради трговската војна иницирана од американскиот […]
Промовирана монографија по повод 30-годишниот јубилеј на GS1 Македонија: „30 години глобален јазик на бизнисот“
Со свечен настан организиран во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија, GS1 Македонија го одбележа 30-годишниот јубилеј од своето основање. Во присуство на бројни претставници од деловната заедница, беше промовирана монографијата „30 години глобален јазик на бизнисот“, која го документира патот на организацијата во изминатите три децении. Во своето обраќање пред присутните, претседателот на […]
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
Повеќе од 5.000 полицајци ќе бидат распоредени во Рим за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти на 18 мај, изјави префектот на Рим Ламберто Џанини, пренесува АНСА. Џанини додаде дека ист број полицајци биле ангажирани и на неодамнешниот погреб на папата Франциск. – За церемонијата на интронизација на понтифот очекуваме голем број верници, па ќе ги […]
Продолжува националната еко акција „Генералка викенд“
Продолжува еко акцијата „Генералка викенд“, која има за цел подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина. Во рамки на тридневната акција, која почна вчера, над 20.000 волонтери ќе чистат на повеќе од 500 локации во сите општини, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, […]
Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“
По повод Денот на Европа, денеска во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во Градскиот парк во Скопје се одржа настан посветен на децата. Програмата вклучи изведба на македонската и европската химна од страна на детскиот хор „Златно славејче“, театарска претстава, танцувачка сесија, настап на аниматори и три засебни тематски зони […]
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
Во изминатите 24 часа, до 8 часот најмногу дожд наврнал во Охрид – 14 литри на метар квадратен, потоа во Битила, Кавадарци и Тополчани – по 12. Потоа следи Маврови Анови – 10, Берово – 9, Лазарополе и Попова Шапка – по 8, Штип – 7, Виница и Пожаране – по 5, Велес, Гевгелија и […]
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
Властите упатија апел до над 160.000 жители на пет општини во каталонскиот регион на Шпанија да не ги напуштаат своите домови поради токсичен облак на хлор, предизвикан од пожар во индустриско складиште. „Доколку се наоѓате во погодената област, не го напуштајте домот или работното место“, се наведува во апелот на Цивилната заштита објавен на социјалните […]
САД размислуваат за посебен статус за Гренланд
Американски официјални лица разговараат за план да го привлечат Гренланд во сферата на влијание на Америка преку договор сличен на оние што САД ги користат за одржување блиски врски со неколку пацифички островски нации, според двајца официјални американски претставници и друга личност запознаена со дискусиите. Според планот што се разгледува, администрацијата на Трамп би им […]
Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ по 21 пат на градски плоштад во Куманово
По 21 пат, утре со почеток во 10: 00 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи овогодишното издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“, информираа денеска Фондацијата за култура и спорт „Куманово“. Манифестацијата се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Настанот повеќе од две децении го привлекува вниманието на граѓаните. – […]