„11i11 saat“ – виенски часовници со македонски дизајн и глобални амбиции

11и11 саат е нова марка часовници основана од Петар Кајевски, консултант кој живее во Виена. Првата серија е развиена заедно со врвните дизајнери Апостол Тноковски и Кома дизајн студио предводено од Небојша Гелевски-Бане. По четири години развој, почетната идеја за хоби-потфат базиран на сличноста на бројките II (2) и 11 прераснала во серија сериозни часовници […]

Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам, немаме консензус каква економија сакаме, изјави Никица Мојсоска Блажески

Kорупцијата е најголем проблем во државата, но земјава и се уште нема консензус каква економија сака. Бизнисмените и натаму се перцепираат како профитери, а не како креатори на работни места, рече извршната директорка Никица Мојсоска Блажески во воведното обраќање на Самитот во организација на Македонија 2025 што се одржува во Скопје. Нулта толеранција на корупцијата, […]

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто во однос на […]

Намален бројот на домашните туристи

Во земјава во март годинава се евидентирани 70 902 туристи, од кои 22,0 % биле домашни, а 78,0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесувал 132 015, од кои 28,0% се од домашните, а 720 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2025 година, […]

ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ Е ПОВИСОКА ЗА 211 ЕВРА ОД ХРВАТСКИОТ ПРОСЕК

Просечната месечна нето плата по вработен кај правни лица во Загреб за февруари 2025 година изнесуваше 1.627 евра, што претставува номинален раст од 4% во споредба со јануари и зголемување од 13,1% во споредба со февруари претходната година. Медијалната нето плата за истиот месец изнесувала 1.332 евра. Највисоката просечна месечна нето плата кај правните лица […]

ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ РЕАЛНИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ИМАМЕ НАЈДОБАР РАСТ ВО ЕВРОПА, најави премиерот Христијан Мицкоски

Врз основа на првичните индикатори, реални се шансите во првиот квартал економскиот раст на државата да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме еден од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот Македонија 2025, што се одржува од денеска во Скопје. Според него, ако состојбата во европската економија, […]

Изложба за „Првите парламентарци и претседатели на Собранието од 1944-2024“

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде отворена изложба на авторот проф. д-р Марјан Димитријевски насловена „Првите парламентарци и претседатели на Собранието на НРМ, СРМ, РМ, РСМ 1944-2024“. Базирана е на нови архивски материјали, во голем дел досега необјавени. – Целта на проектот е да потсети на првиот Парламент, односно Првото заседание […]

На 13. Робомак ќе учествуваат 60-ина студенти

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ од денеска до 17 мај ќе се одржува 13. Меѓународен студентски натпревар и работилница во роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција – Робомак (Robomac). Ќе учествуваат околу 60 домашни и странски студенти, а по петти пат ќе биде организиран и натпреварот „Робомак јуниор“ на кој […]

Започнува изработката на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата. Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од општините Струга и […]

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го врачи признанието, кое во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во економскиот развој, здравството, социјалната сфера, образованието, науката, културата и во други области. Оценувајќи ја работата на Македонија 2025 како обединувачка, плодна, успешна и корисна, таа информираше за процесот на формирање Совет за […]