Конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор е отворен до крајот на февруари

На веб-страницата на НУ Драмски театар ­ Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. -Во духот на традиционалната поддршка кон младите драмски уметници и поттикнување на пишување нови драмски текстови, НУ […]

Политички мотивиран терористички чин со многу неодговорени прашања, триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров

Триесет години по атентатот на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глиговор се бараат одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања. Дел […]

ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ, УТРЕ ПОЧНУВА СИТИ БАЗАР – „ЕДНА ЉУБОВ, БЕЗБРОЈ ПОДАРОЦИ“

Во пресрет на Денот на вљубените, од 11 до 14 февруари, на приземјето на Скопје Сити Мол ќе се одржи четиридневен „Сити базар“, под слоганот „Една љубов, безброј подароци“. Базарот им нуди на посетителите автентична и креативна алтернатива за избор на подароци, преку уникатни рачно изработени производи создадени од домашни мајстори и современи ракотворци. Секој […]

Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија

Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина. Во периодот од 06:00-10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.Пајак, ул. Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие) во општина Центар, во период од 08:30-14:30 часот корисниците […]

Земјотрес од Косово почуствуван и во Тетово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0 Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет […]

Водостојот на Дојранското Езеро зголемен за околу 50 сантиметри

По есенските и зимските врнежи, нивото на водата во Дојранското Езеро бележи пораст од околу 50 сантиметри, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, на езерото сè уште му недостасуваат околу 70 сантиметри за да ја достигне минималната договорена кота од 146,13 метри надморска височина. Од крајот на октомври до првата половина на […]

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ Е РОДЕНО НАДВОР ОД БРАК, во Србија се родени најмал број на бебиња во историјата

Во 2025 година, во Србија се родени помалку од 60.000 бебиња, што е најмал број откако се води статистика, според Републичкиот завод за статистика. Раководителот на одделот за демографија, Гордана Бјелобрк, во интервју за „Еуроњуз Србија“ изјави дека падот на стапката на наталитет е под влијание на комбинација од биолошки фактори, подоцнежно формирање семејство и […]

ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ „ЗАКРОЈУВАЧИ“ ВО НЕДЕЛАТА НА ЛОЗАРИТЕ

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје, се реализира овие денови во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. Активностите започнаа вчера и завршуваат со централните манифестации во неколкуте општини, на празникот „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите. Традицијата започна во лозов насад во Демир Капија, каде се […]

ПРЕДЛОЖЕН НОВ КОНЦЕПТ НА ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ, МОН повикува на отворена јавна расправа

Министерството за образование и наука објави дека е подготвена нова концепција за гимназиско образование откако претходната верзија пред една година беше повлечена поради реакции, главно од образовни установи и професори од општествените науки. МОН на својата веб-страница соопшти дека новиот предлог е резултат на сеопфатна анализа и вградување на забелешките, сугестиите и предлозите добиени за […]

НЛБ Банка со донација за Клиниката за гинекологија и акушерство – бидејќи секој почеток е важен

Токму со ова уверување, НЛБ Банка донираше медицински апарат за затоплување на новороденчиња во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.Овој апарат ќе обезбеди топла и контролирана микро средина за најмалите пациенти, особено за предвремено родените бебиња и оние со здравствени потешкотии, помагајќи им да ја регулираат телесната температура во најчувствителните први денови од животот.Тимот […]