За една година граѓаните на Србија се задолжиле во банките за уште 2,8 милијарди евра

Вкупните кредити на стопанството, граѓаните и претприемачите во Србија на крајот на февруари годинава изнесуваа околу 4.418 милијарди динари, што е зголемување од еден процент во споредба со јануари, соопшти Здружението на банки во Србија. Кредитите за стопанството изнесуваа околу 2.348 милијарди динари и се повисоки за 0,9 проценти, а кредитите за претприемачи се зголемија […]
Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година

Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега, поттикнати од ескалацијата на војната на Блискиот Исток, која предизвика огромни прекини во глобалните снабдувања со гориво. Порастот на цените се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп побара безусловно предавање на Иран, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт што би можел да предизвика хаос […]
Жените во енергетиката не се исклучок – тие се иднината

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес го отвори настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“, посветен на улогата на жените во енергетскиот сектор и нивното поголемо вклучување во развојот на обновливите извори на енергија и енергетските заедници. Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергетската транзиција е процес кој директно ги засега […]
НЕКОЛКУ ЗЕМЈИ ВО ЕУ СЕ НАЈРАНЛИВИ ОД ПРЕКИНОТ НА ИСПОРАКАТА НА ПРИРОДЕН ГАС ОД КАТАР, резервите на гас во ЕУ се пополнети на 30 отсто

Резервите на гас во Европската Унија се околу 30 отсто, со што земјите од ЕУ влегуваат во критичен период за надополнување на залихите пред следната зима, предупредуваат од Гасната инфраструктура Европа (GIE). Европската комисија во среда свика групи за итна координација и изјави дека испораките на течен природен гас (LNG) од САД, кои сега го […]
ММФ: Скок на цените на нафтата од 10 проценти ќе ја зголеми глобалната инфлација за 0,4 процентни поени и ќе го намали економски раст

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денес изјави дека зголемувањето на цените на нафтата од 10 проценти што би траело една година би ја зголемило глобалната инфлација за околу 0,4 процентни поени и би го забавило економскиот раст за 0,1 до 0,2 проценти. Во изјава за Блумберг на маргините на конференцијата „Азија 2050“ […]
Многу добри резултати на Групација Триглав во 2025 година, со планирано натамошно профитабилно работење во 2026 година

Триглав го зголеми својот деловен резултат и обемот на работење, при што одржа солидна капитализираност Вкупниот деловен обем на Групација Триглав, во однос на 2024 година, се зголеми органски за 9 проценти и достигна 1.868,3 милиони евра. Ако се земе предвид и новото работење на италијанскиот пазар, тој изнесуваше 2.561,2 милиони евра (раст од 49 […]
Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација. Во годишната програма на Националната установа Завод за заштита на спомениците и […]
Инфлацијата во Македонија: од увезен шок до домашен проблем

Инфлацијата во Македонија во периодот 2022–2024 достигна највисоки нивоа во последните 30 години, со раст од 14,2% и 9,4%. Во својата анализа, во Економија и бизнис, економистот Зоран Јовановски објаснува дека првичниот удар дошол од наглиот скок на цените на енергенсите и струјата на европските берзи, што директно се прелеало во домашната економија. Но подоцна […]
Јовановски: Потребна е поголема отчетност на Народната банка за инфлацијата

Неколкугодишниот период на висока инфлација во Македонија отвори прашања дали институциите реагирале навреме и доволно силно. Во својата анализа, економистот Зоран Јовановски посочува дека по почетниот енергетски шок, инфлацијата почнала да се движи од домашни фактори, како растот на платите и зголемената побарувачка. Како поука од оваа епизода, Јовановски предлага воведување јасни механизми за отчетност […]
Повторно започнува функционирањето на продуктоводот Солун – Скопје

Повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања, информираат од ВАРДАКС АД. Оттаму ги повикуваат квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата. Продуктоводот […]