„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и од Струга

Работилници против врсничко насилство наменети за родители ќе се одржат во Струга и во Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Утре, 4 јуни, со почеток во 18 часот, ваква едукативна средба ќе се случува во струшкото основно училиште „Јосип Броз Тито“. Задутре, 5 јуни, исто така, со почеток во 18 часот, „Крени […]

МВР: Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk

Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека продолжува со дигитализација и приближување на услугите до граѓаните, односно две нови дигитални услуги се достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk – Преку порталот uslugi.gov.mk пуштени се во функција две нови дигитални услуги и тоа: Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица https://uslugi.gov.mk/service/potvrda-za-momentalna-sopstvenost-na-motorni-vozila-za-pravni-lica-5734 и Потврда за […]

УКИМ излезе од листата на 2.000 најдобри универзитети според CWUR

Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје не е дел од листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2025 година, која ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). Според листата, петте најдобро рангирани универзитети во светот, се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд од Соединетите Американски Држави, Кембриџ и Оксфорд од Велика […]

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност

Во моментот имаме два огласи кој што ги има објавено Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно- истражувачки проекти и апликации.“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски посочи дека двојно е зголемен буџетот за наука и научна дејност.„Ги повикувам […]

Државниот завод за статистика со свечена академија ќе одбележи 80 години постоење

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска со свечена академија ќе одбележи 80 години од основањето на институцијата, а во рамки на јубилејот утре ќе организира и Статистичка конференција „25 години родови податоци“. -Јубилеите осум децении постоење и 25 години собирање родово разделени податоци се можност да се потсетиме за клучната улога на официјалната статистика во […]

Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник

Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули оваа година, а останатите 50 проценти од 1 јануари следната година. Тоа ќе даде можност производителите да го зголемат своето прозиводство, да имаме поголем извоз и поголем приход за компаниите, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што […]

Од 1 октомври вонредно зголемување на минималецот во Србија

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали најави вонредно зголемување на минималната плата од 1 октомври оваа година. – Мислам дека тоа е најдобрата и најголемата вест. Ќе има вонредно зголемување на минималната плата од 1 октомври оваа година, а дополнително зголемување на 1 јануари следната година. Од 1 јануари ја зголемуваме минималната плата на […]

Од ноќеска пониски цени на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг. Од ноќеска на полноќ […]

Намалувањето на царините и либерализацијата на трговијата со САД заради зголемена конкурентност на економијата

Предлогот законот за намалување на царинските стапки на 67 стоки и целосна либерализација на увозот со САД е веќе во собраниска процедура и се очекува да стапат на сила од 1 јули 2025 година. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција информираше дека со предлогот се опфатени стоки кои се утврдени како приоритет од […]

„Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ – ОКТА, МВР И РСБСП со заедничка кампања за поголема безбедност во сообраќајот

Под мотото „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ стартува кампањата за безбедност во сообраќајот на ОКТА, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Целта на кампањата е подигнување на свеста во јавноста за важноста на поголемото внимание на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на кампањата […]