НОВА ПРОМЕНА ВО СОПСТВЕНИЧКАТА СТРУКТУРА НА МАКЕДОНИЈАТУРИСТ

Македонијатурист во соопштението доставено до Македонска берза известува за промена на сопственичката структура. Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известува дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн доо увоз-извоз Скопје купи дополнителни 215 акции и сега поседува 51.911 акции односно 11,48% од вкупниот број […]

ЗЛАТНИТЕ РЕЗЕРВИ НА СРБИЈА СЕ НА РЕКОРДНО НИВО!

Резервите на злато во Србија достигнале повеќе од 50 тони и оваа количина и вредност е рекордна, изјави Јоргованка Табаковиќ, гувернерката на Народната банка на Србија. Според извештаите од јули 2012 година, резервите на злато во Србија се три пати поголеми во споредба со тој период, посочи Табаковиќ на конференцијата за финансиски услуги „Инвестициите во […]

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ во Средоземното Море ќе „плива“ повеќе пластика отколку риба

Унијата за Медитеранот (UFM), организација што ги обединува 43 земји, предупреди дека за 25 години може да има повеќе пластика отколку риби во Средоземното Море доколку управувањето со отпадот не се подобри радикално. „Средоземното Море е една од областите најзагадени со пластика во светот“, предупреди организацијата од своето седиште во Барселона по повод Светскиот ден […]

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ добитник на награда за најдобар дебитантски филм

Македонскиот филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов е добитник на наградата за најдобар дебитантски филм, додека Сара Климовска освои награда за најдобра женска улога, на Фестивалот на Југоисточна Европа 2025. Награда за најдобар актер доби и Африм Мучај од македонскиот филм „Сите го викаат Реџо“ – Ибрахи Деари, информираат попладнево организаторите. Филмскиот […]

Без струја дел од жителите од неколку општини

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат жители од неколку населени места. Без струја во период од 9:00 до 10:00 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. 20 во Село Бразда, Општина Чучер Сандево. Од 9:00 до 12:00 часот, без струја ќе […]

ПРОДОЛЖУВА ХАОСОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, ТРАМП ИСПРАЌА ЕЛИТНИ ЕДИНИЦИ

Лос Анџелес потона во целосен хаос, по четири дена жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат против антиимиграциската политика на администрацијата на Доналд Трамп, во кои „странски државјани“ се фаќаат на улиците и се носат во институции. Американскиот претседател, исто така, испрати членови на Националната гарда во Лос Анџелес, што предизвика гнев кај калифорниските […]

СКОПЈАНИ ЌЕ СЕ „ОДБРАНАТ“ ОД КОМАРЦИТЕ – утре наутро авионско прскање против комарци во Скопје

Во раните утрински часови утре на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци. Секторот за комунални работи на Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден […]

ВО САД СЕ ШИРИ ЗАРАЗА СО САЛМОНЕЛА, од продажба повлечени 20 милиони јајца

Американската администрација за храна и лекови објави дека повеќе од 20 милиони јајца се повлечени од продажба откако 21 лице беше хоспитализирано поради салмонела, јавија американските медиуми. Јајцата, што беа дистрибуирани од August Egg, се продавани во голем број малопродажни објекти, вклучувајќи ги Walmart и Safeway Stores, помеѓу 3 февруари и 19 мај. Според ФДА, […]

Албанија со грандиозен проект за реновирање на згради заради енергетска ефикасност

Албанската парламентарна комисија за економија и финансии даде зелено светло за Предлог-закон за енергетска ефикасност во станбените згради, кој предвидува реновирање на 745.000 објекти, јави Албанската радиотелевизија. Целта е да се постигнат нула емисии од станбениот фонд во Албанија до 2050 година. Зградите планирани за реновирање се протегаат на површина од 60 милиони квадратни метри. […]

Ристески од Кавадарци: Поддршка за повеќе од 1700 лица за започнување на сопствен бизнис

Во Кавадарци денеска се одржа информативен ден за запознавање на јавноста со мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. Пред претставниците од стопанските комори, здруженија на млади и голем број на заинтересирани граѓани, пратеници и претставници на локалните самоуправи од Кавадарци и […]