ДОДЕЛЕНИ НАЦИОНАЛНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ СПОРТИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски денеска на свечена церемонија во Владата на Македонија, им доделија Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во екипни спортови. Со национално спортско признание за врвни достигнувања во спортот се стекнаа: – фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски – кошарка: Петар Наумоски, Перо […]
Царините на Трамп остануваат на сила до завршување на жалбената постапка, одлучи Апелацискиот суд во Вашингтон
Федералниот апелационен суд во Вашингтон денес му дозволи на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, да го задржи во сила пакетот тарифи што ги воведе во февруари и април, сè додека не заврши жалбената постапка во врска со неодамнешната одлука на понискиот суд со која се оспоруваат тие мерки. Тарифите од февруари наметнати на […]
ПОМОШ ОД 10.000 ЕВРА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО РУРАЛЕН РАЗВОЈ И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска се објавени три јавни повици за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, со цел модернизација на земјоделските стопанства во Македонија. -Јавниот повик бр: 05/2025 ги покрива инвестициите за набавка на машини за разбивање на […]
ЗА КОРИСТЕЊЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН КАЗНА ОД 35О ЕВРА И ОДЗЕМАЊЕ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, грчкиот Парламент го изгласа новиот закон за безбедност во сообраќајот
Новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, што предвидува построги казни за низа сообраќајни прекршоци, а има за цел значително намалување на сообраќајните несреќи во земјата, денеска, со широко мнозинство беше изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, земјата е […]
БЕРЗИТЕ ВО ПОРАСТ ПО НАЧЕЛНИОТ ДОГОВОР ЗА ТРГОВСКАТА РАМКА МЕЃУ САД и КИНА
Преговарачките тимови на САД и Кина постигнале начелна согласност за заедничка рамка за надминување на трговските разлики, која сега треба да биде одобрена од претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг. – Двете страни се согласија на заедничка рамка и ќе ја презентираат пред своите лидери, изјави кинескиот претставник за меѓународна трговија Ли Ченган по дводневната […]
Трамп: ФЕД треба да ги намали каматните стапки за еден процент
Годишната инфлација во Соединетите Американски Држави во мај се зголеми на 2,4 процент, во споредба со априлските 2,3 процент, објави денес Бирото за статистика на трудот на САД. На месечна основа, инфлацијата се зголеми само за 0,1 процент, исто така помалку од очекувањата на експертите кои предвидоа дека царините на Трамп ќе имаат поголемо влијание […]
ОД ЈАНУАРИ КАЗНАТА ЗА СООБРАЌАЕН ПРЕКРШОК ЌЕ СТИГНУВА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН НА ВОЗАЧИТЕ
Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството […]
„Атлас на цивилното општество“ за слободата на изразување, Македонија во група со Германија, САД и Франција
Само 3,5 проценти од светската популација живее во земји каде што е загарантирана целосна слобода на изразување и собирање, се наведува во извештајот „Атлас на цивилното општество за 2025 година“ на германската лутеранска хуманитарна организација „Леб за сите“. – Спротивно на ова, 85 проценти од светската популација живее во земји каде што граѓанското општество е […]
По петти пат ќе се одржи фестивалот „Пикник у Пелинце“
Здружението за уметност и култура „Music Connecting People“ по петти пат го организира фестивалот „Пикник у Пелинце“, информираа денеска организаторите. Станува збор за музички фестивал што се одржува секое лето, а петото јубилејно издание е закажано за 21 и 22 јуни непосредно до Меморијалниот центар АСНОМ. Годинава ќе настапат 33 изведувачи од земјава и странство. […]
Објавен конкурс за 50 студентски стипендии за странски државјани
Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 50 студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија, за студиската 2025/2026 година. Стипендиите им се доделуваат на странски државјани со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција. […]