Казна од 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции, ЕК ја казни Грција

Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем […]

АРГЕНТИНА САКА ДА ГИ „ИЗВЛЕЧЕ“ ДЕВИЗНИТЕ ЗАШТЕДИ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ГИ ЧУВААТ ВО ПЕРНИЦИ

Аргетинскиот претседател Хавиер Милеи сака да ги „охрабри“ граѓаните да почнат да ги трошат непријавените заштеди во долари кои се проценуваат на 200 милијарди американски долари. Со рестриктивната фискална политика Владата на Аргентина успеа да ја намали инфлацијата од 25 отсто во декември 2023 година на сегашни три отсто. Во кампањата пред претседателските избори во […]

Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност […]

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. Кој […]

МФ достави барање до 22 меѓународни финансиски институции и банки за пројавување интерес за финансирање на брзата пруга

Министерството за финансии денеска испрати до 22 меѓународни финансиски институции и странски комерцијални банки барање за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10. Станува збор за финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, од кои дел се институции со коишто земјата и претходно соработувала на одредени […]

РЕЗУЛТАТИ ОД “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВИКЕНД 2025

НАЈМАСОВНАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ГОДИНАВА СО РЕКОРДНИ 55.627 ВОЛОНТЕРИ И НАД 645.000 КГ СОБРАН ОТПАД Рекордно учество од 55.627 волонтери и повеќе од 645 илјади килограми собран отпад на територија на сите општини во земјава – ова се резултатите од годинешнава, петта јубилејна еколошка акција „Генералка Викенд“ која се одржа од 9 до […]

Стипендии за средношколци од Македонија2025 – инвестирај во својата иднина!

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2025/2026 година. По успешниот пилот-проект во 2019 година, Фондацијата МК2025 континуирано обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и и оваа година […]

Отворена современа читална за студентите при Медицинскиот факултет во Скопје, донација на Стопанска банка

Стопанска банка АД-Скопје официјално предаде во употреба нова современа читална на Медицинскиот факултет во Скопје, простор за учење и вршење дополнителни истражувања од областа на медицината, наменет за студентите и специјализантите во текот на студиите. Читалната во рамките на Клиничкиот центар зафаќа површина од 120 метри квадратни, уредена со модуларен мебел, со што претставува инспиративен […]

ТОА ШТО ТРАЕ Е РОДЕНО ВО ИМАГИНАЦИЈА: Награден конкурс за уметници до 35 години

Сликари, вајари, фотографи, како и дигитални, визуелни и мултимедијални уметници од седум земји од регионот се поканети да се пријават на уметничкиот конкурс и да учествуваат на изложбата со наслов „Тоа што трае е родено вo имагинација“, организирана од регионалната правна пракса Karanović & Partners. Темата на конкурсот е интерпретација на процесот што води до […]