На Светскиот ден на жените инженерки: Силен повик за повеќе жени во STEM

Со силна порака за поддршка, инспирација и системски промени, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одбележа Светскиот ден на жените инженерки – 23 Јуни, со посебен настан кој ги обедини жените од секторот: од студентки до експертки, од практикантки до професорки, од млади инженерки до докажани, влијателни жени во инженерството. Настанот се одржа […]

Како ЕДС ги поддржува компаниите со флексибилни тарифни пакети и стабилни цени

ЕДС нуди флексибилни тарифни пакети и стабилни цени за малите и средните компании. Прочитајте како можете да заштедите и да го планирате буџетот подобро. Со иновативни пакети и промотивни попусти, ЕДС им помага на малите и средните компании да ги оптимизираат трошоците за електрична енергија. Малите и средните компании честопати се соочуваат со непредвидливи трошоци […]

Силен земјотрес го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки. Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.

МЗ ПРОНАЈДЕ НАЧИН ДА ГО ОЛЕСНИ ПАРКИРАЊЕТО ЗА МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ ОД КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Министерството за здравство обезбедило 300 паркинг места во комплексот Лимак за вработените во Клиничкиот центар. Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција изјави дека на овој начин се одговара на еден од најгорливите проблеми и секојдневниот хаос со паркирањето во овој најголем здравствен комплекс во државата. – Во услови кога над 6.000 луѓе секој […]

Единаесет наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од Израел беа откажани. Се очекува обновување на летовите во текот на денот, во зависност од безбедносната состојба. Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов вкупно 11 македонски […]

Голем пад на странските директни инвестиции во Кина

Во периодот од јануари до мај странските директни инвестиции (СДИ) во Кина изнесуваа околу 49,88 милијарди долари, што претставува намалување од 13,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави денес Министерството за трговија на земјата. Овој пад укажува на континуирани предизвици во привлекувањето странски капитал во кинеската економија, поради геополитичките тензии, послабата домашна […]

Иранскиот парламент го одобри затворањето на Ормускиот теснец, пораст на осигурувањето во бродскиот сообраќај!

Иранскиот парламент денес го одобри затворањето на Ормускиот теснец, објави Press TV, додавајќи дека највисокото безбедносно тело на Иран мора да донесе конечна одлука за оваа мерка, објави Ројтерс. Иран претходно се закани дека ќе го блокира Ормускиот теснец, клучна поморска артерија за глобална трговија со нафта, како одговор на притисокот од Западот, објави Гардијан. […]

Постигнат договор во НАТО за издвојување на пет отсто од БДП за одбрана до 2035 година, Шпанија е исклучок

Членките на НАТО се согласија за содржината на изјавата која се подготвува за претстојниот самит со која се поставува цел за издвојување од пет проценти од БДП за годишни трошоци за одбрана и безбедност до 2035 година, со што го надминаа „противењето“ на Шпанија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се дипломатски извори. Овие извори соопштија дека има […]

Доларот и берзите под притисок поради стравот од проширување на кризата на Блискиот Исток

Цените на акциите паднаа на повеќето светски берзи минатата недела, бидејќи инвеститорите стравуваа од поширока криза на Блискиот Исток, со оглед на ескалацијата на израелско-иранската војна. На Волстрит Дау Џонс порасна за 0,02 проценти на 42.206 поени минатата недела, додека композитниот индекс Насдак порасна за 0,2 проценти на 19.447 поени. S&P 500 се намали за […]

Сиричино ќе добие поголем парк и од паркчињата во градот Тетово

Во населеното место Сиричино во тетовската рурална Општина Јегуновце од месецов почна да се уредува простор кој треба да се оформи како парк со површина од 1,25 хектари. Со оваа површина од 1,25 хектари или 12.500 квадратни метри овој парк ќе изграден согласно дефиницијата од Законот за урбано зеленило – „парк“ е зелена површина со […]