Перишиќ: Во земјава имаме помалку од 400 пожарникари, немаме тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари
Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари. Дел од пожарникарите работат со стари […]
Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно наплаќање на средства од сопствените извори на финансирање
Општините на годишна основа губат од 100 до 120 милиони евра, поради несоодветно собирање на средствата од сопствените извори на финансирање, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе има целосна децентрализација на општините, особено во делот на финансиите. Тој напомена дека централната власт работи на процесот […]
Групацијата ЕИБ го зголемува плафонот за финансирање за 2025 година на рекордни 100 милијарди евра
Групацијата ЕИБ го зголемува плафонот за финансирање за 2025 година на рекордни 100 милијарди евра за да ги зголеми инвестициите во безбедноста и одбраната, енергетските мрежи и технолошкото лидерство во Европа – 27-те земји-членки одобрија план за зголемување на новото финансирање до рекордни 100 милијарди евра во 2025 година. – Ревидираниот плафон вклучува 3,5 % […]
ИНТЕРВЈУ | САШО КЛЕКОВСКИ: Буџетот за здравството за 2025 година е зголемен за 7 милијарди денари

Сашо Клековски е директор на Фондот за здравствено осигурување. Со завршен Медицински факултет при УКИМ, завршена академска програма за МБА при Американ колеџ и 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар и консултант во јавниот, во граѓанскиот и во приватниот сектор, Клековски поседува уникатна комбинација на знаења и на вештини за челната позиција на специфична институција како […]
Клековски: Секој пациент во Македонија мора да има еднакво право на грижа
Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, нагласува дека сите пациенти во Македонија треба да добијат еднаква здравствена грижа, без разлика каде живеат. Правично здравство и еднаков пристап за сите пациенти — ова е клучната визија на Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување. „Не е прифатливо пациентите од руралните места да немаат исти услуги како […]
ФОТО-ВЕСТ: Македонски успех на Аксиос Про Скопје на трката Gran Fondo Novi Sad 2025
Велосипедскиот клуб Аксиос Про Скопје оствари забележителен успех на меѓународната трка Gran Fondo Novi Sad 2025, која се одржа на 8 јуни под покровителство на UCI (Меѓународната велосипедска унија). На трката, на која учествуваа повеќе од 500 велосипедисти од 40 земји, натпреварувачите на Аксиос Про Скопје покажаа врвна форма, спортски дух и борбеност. Особено внимание […]
PАБОТИЛНИЦА: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба
ФАКТИТЕ НА ПРВО МЕСТО
„Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што повеќе не прашуваме ‘Дали е вистина?’, туку ‘Дали му верувам на изворот?’ — прашање што бара да градиме критичко размислување, дигитална писменост, комуникација, соработка, […]
Мицкоски со порака до јавните и државни службеници: Верувам во вашиот труд и енергија и способност, но очекувам резултати и посветеност
„Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија. Честит празник за вашиот труд, за вашата посветеност, за вашата отпорност, понекогаш и во тешки и обесхрабрувачки услови“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод Меѓународниот ден на јавната администрација. Мицкоски […]
Собранието ги избра членовите на Советот на АВМУ
Македонското Собрание денеска ја усвои Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Согласно одлуката за членови се избрани Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од […]
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
Гавдос нема инфраструктура, а ние немаме надлежност да управуваме со вакви случаи, вели градоначалничката на малиот грчки остров Гавдос Лилиан Стефанаки за првата програма на државното радио, говорејќи за зголемениот број нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Доколку се анализираат официјалните податоци од крајбрежната служба на Грција, во периодот од 19 до 22 […]