Димитриеска-Кочоска: Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, а јавните пари се пари на граѓанитe

Буџетот е стабилен, домашниот пазар ја покрива ликвидноста, а државата одговорно ги управува средствата на граѓаните, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во емисијата „Вин-Вин„ на телевизија Телма коментирајќи на прашањата за повратот на ДДВ, ликвидноста, долгот и јавните финансии. „Работата на министерот за финансии секогаш е деликатен баланс. Од една страна имаме […]

Се одржа 54. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка се одржа 54. сесија на Клубот на истражувачите на која беше претставен научниот труд „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути. Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан, која посочи дека […]

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведува целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на […]

Нова магистерска програма „Визуелни комуникации“ на Факултетот за ликовни уметности – Скопје

Факултетот за ликовни уметности – Скопје со гордост ја најавува новата студиска програма од втор циклус студии (магистерски студии) по Визуелни комуникации, која ќе започне од академската 2025-2026 година. Во свет во кој визуелната комуникација е јазикот на иднината, уметноста и дизајнот не се веќе само форми на естетски израз – тие се моќни медиуми […]

„За живот на живиот свет“ – учествувај во квизот, научи нешто повеќе за природата и освој награди со кои дополнително ќе уживаш во неа

Зоонигувателот Војо не однесе на прекрасна авантура во која темелно ни ги разјасни сите сегмети на екосистемот и ни ја долови нашата улога во грижата за природата, а сега е време за испитување на знаењето и освојување на вредни награди. Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, во завршниот дел на кампањата „За […]

Колку ќе заработува Роналдо со новиот договор со Ал Наср?

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, ќе заработува рекордни 263 милиони евра годишно според новиот договор со саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср, објави денеска добро информираниот новинар Танкреди Палмери на социјалната мрежа Икс.Четириестгодишниот португалски напаѓач потпиша нов договор со Ал-Наср до 2027 година.Роналдо е петкратен освојувач на Лигата на шампиони, европски првак и двократен освојувач […]

ЕМОФ Скопје 2025 ќе постави нови стандарди во преносот во живо на сите спортови и церемонии

Во рамките на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, што од 20 до 26 јули ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек, сите спортски натпревари и свечени церемонии ќе бидат пренесувани во живо преку висококвалитетната SRT платформа. Сите возбудувања на спортските борилишта ќе можат да се следат во живо на Македонската радио-телевизија […]

Новата генерација IQOS ILUMA i уреди во Македонија

На ексклузивен настан во Скопје Филип Морис ТКП го претстави IQOS ILUMA i, најновиот уред од своето портфолио, кој од јули ќе биде достапен за полнолетните корисници на никотински производи во Македонија. Настанот го придоби вниманието на бројни гости, новинари и полнолетни корисници, кои имаа можност први да го запознаат уредот што воведува ново ниво […]

Денеска во Атина со жешка атмосфера, температури над 40 степени и „загревање“ за „Релито на боговите“

Денеска во Атина се очекуваат пеколни температури кои ќе надминат и над 40 степени. Градските власти ги прогласија вообичаените мерки за заштита на граѓаните и им препорачуваат своите активности да ги прилагодат на временските услови. За туристите им се препорачува прошетките да ги прават во утринските или вечерните часови или доколку бидат и се движат […]

На пристаништето во Атина запленети 4,5 милиони евра и уапсени осум лица за царински измами

Осум лица се уапсени за царински измами на товар на ЕУ и запленети се 4,5 милиони евра во готово, во акцијата на грчката полиција што од вчера е во тек во царинската испостава на атинското пристаниште Пиреас, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, истрагата е по наредба од Канцеларијата […]